| четврток, 6 декември 2018 |

Не штедете на бакнежите: Денес е светскиот ден на бакнувањето

Денес е светски ден на бакнувањето…Бакнувајте! Со само еден бакнеж можете да изразите љубов, пријателство, почит, внимание…

На овој убав ден бакнете некого и ширете позитивна енергија, кажете некому убав збор, споделете радост, направете му го некому овој ден уште поубав. Подарете искрена насмевка, бидејќи таа е бесценета, подарете љубов, бидејќи љубовта го движи светот.

Денес се одбележува 6 јули – Меѓународниот ден на бакнежите.

Многу луѓе имаат заборавено за чувството на припадност и топлина кои произлегуваат од бакнежот, прегратката, насмевката, а се сосема спротивни од сегашниот начин на комуникација каде бакнежите и насмевките се испраќаат преку телефон и смарт апликации, компјутери или се оставаат на социјални мрежи.

Стресот и насилството во општеството може да се намали преку будење на позитивните вредности (среќа, радост, внатрешен мир, чувство на припадност и поврзаност со луѓето, физичко и ментално здравје) во сите сегменти и димензии во животот и овој ден асоцира токму на овие вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top