Во интервју за „Еј-Би-Си“ кое го водела Дајан Соер, Хилари Клинтон одговарала на безброј прашања вклучувајќи и прашања за Моника Левински. Левински беше практикант во Белата Куќа кога пред 18 години се „заплетка“ во секс скандал со Бил Клинтон, тогаш претседател на САД. Пред само неколку месеци, Левински за Венити Фер објаснила колку и било тешко да се биде дел од тој скандал. Сојер, пак од друга страна ја запрашала Хилари Клинтон, што би и порачала сега на Левински.
-Јас би и посакала се најдобро. Се надевам дека таа ќе може убаво да размисли за нејзината иднина, а и да изгради живот кој ќе има значење и задоволство за неа, одговорила Клинтон.
Хилари Клинтон, за која сите очекуваат да биде претседателски кандидат во 2016 година, за време на интервјуто зборувала и за нејзините гледишта во однос на простувањето.
-Јас стојам 100% зад тоа дека простувањето има голема значење во животот на оној кој простува. Знам многу луѓе, кои едноставно не можат да поминат преку некои работи и да простат. Простувањето е еден начин да отвориш врата кон иднината, без разлика дали станува збор за приватниот живот или пак за друг аспект од животот, додала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.