Германскиот автомобилист во Формула 1 и возач на Мерцедес Нико Розберг со фантастична возење во финишот од квалификациите за големата наградата на Велика Британија што се вози на патеката во Силверстоун успеа да се искачи на првото место и да ја освои пол-позицијата пред утрешната трка.
Квалификациите се одржаа по дождливо време со многу измени во поредокот и изненадувачки резултати.
На второто место се пласираше минатогодишниот шампион возачот на Ред Бул Себастијан Фетел, додека на третото место се искачи Џенсон Батон од Мекларен.
Најголемиот конкурент на Розберг за титулата оваа година неговиот клубски колега Луис Хамилтон ќе стартува од седмото место.
Најголемото разочарување на овие квалификации го направија возачите на Ферари Фернандо Алонсо и Кими Раиконен кои ќе стартуваат од 19 и 20 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



