Вчера наутро во 10,30 часот на стариот пат Прилеп-Дервен-Велес, на местото викано„Зидина“ се случила сообраќајна незгода во која Рафет Р.(1953) од Прилеп, управувајќи моторцикл „јава“ без регистерска табличка, изгубил контрола и паднал од истиот, по што починал на лице место.
Смртта е констатирана од екипа на ИМП.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп во содејство со Основниот јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот е пренесено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.