| четврток, 6 декември 2018 |

Тирана загрижена за насилството на македонските полицајци врз протестантите

Министерството за надворешни работи на Албанија во реакцијата околу случувањата во Скопје, искажува загриженост за „насилството што полицијата го применила за време на протестите на Албанците“.

При тоа се бара од македонските авторитети и надлежните судски инситуции да гарантираат праведно судење засновано врз докази за шестмината Албанци.

– Насилството не придонесува во расветлувањето на прашањето и е на штета на меѓуетничките односи и хармонијата меѓу заедниците. МНР ќе продолжи со посебно внимание да ги следи случувањата во Скопје и апелира до страните да покажат воздржаност и ладнокрвност, стои во соопштението на албанското Министерство за надврошени работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top