| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ,САД,ОБСЕ, НАТО: Сите имаат право на протест, но не на вклучување во насилни акти

Protesti monstrum (15) (Custom)Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да се воздржат од насилство. Ги повикуваме граѓаните и лидерите на државата да се соединат  и во дух на конструктивен дијалог  да се осврнат кон прашањата кои ги поткопуваат заемното разбирање и меѓуетничките односи, се вели во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на НАТО.

Во изјавата се додава дека сите граѓани имаат право на протест и да ги изразуваат своите гледишта на мирен начин, но не и право да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти.

– Додека секој меѓуетнички инцидент или обид за поттикнување нетолеранција претставува можност за политизирање или искористување на ситуацијата за лична или политичка корист, тоа исто така претставува можност за отворање дијалог и за зајакнување на врските меѓу различните заедници. Ова е можност за лидерите да застанат во име на интегрирана Држава која целосно го почитува диверзитетот, стои во заедничката изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top