| четврток, 6 декември 2018 |

Четири причини зошто останувате без секс

1. Tехнологија

Колку што може да биде корисна, толку може да е и штетна, само затоа што луѓето имаат навика да ги земаат со себе мобилните телефони и лап-топ компјутери во спалната соба. Не е тешко да се заклучи дека е потешко да се иницира секс со некој кој е „виси“ на „Фејсбук“ или сурфа на интернет.

Совет: Оставете ги технолошките играчки надвор од спалната соба.

 

2. Презафатен распоред

Хроничниот стрес од работата и грижата за себе и за своето семејство, има големо влијание врз вашиот сексуален живот.

Совет: Секој ден одвојте барем еден час за себе и одморете се. Со топла бања и неколку капки етерично масло, ќе го подигнете расположението и потребата за интимност. Покрај тоа, нема ништо лошо со претходно планирање на времето за сексуален однос, се додека работите не се вратат во нормала.

3. Не го сакате вашето тело

Не само жените, туку и многу мажи одбиваат интимност и испробување на нови работи и пози, кога мислат дека вагата покажува премногу.

Совет: Губењето на некој килограм секогаш ја враќа самодовербата, а тоа без напорни вежби и строги диети лесно се постигнува само со лесна или никаква вечера и едночасовно шетање. Исто така, побарајте од партнерот да ве потсети на тоа зошто ве посакува, комплиментите секогаш се исплатат.

4. Мастурбацијата

Премногу „соло игра“ може да има негативно влијание врз сексуалниот живот со партнерот.

Совет: Oд друга страна, ако пробате со самозадоволување пред партнерот, уживањето е загарантирано и за двајцата.

 

Извор: Index rouge

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top