| четврток, 6 декември 2018 |

Ние немаме задник и нозе за осигурување

Пос­лед­ни­те пет го­ди­ни се бе­ле­жи по­раст на про­даж­ба­та на оси­гу­ри­тел­ни по­ли­си, но све­ста за по­тре­ба­та за оси­гу­ру­ва­ње сѐ уште е да­ле­ку од по­треб­но­то ни­во. Гра­ѓа­ни­те се­ко­гаш мис­лат де­ка ло­шо­то не­ма да им се слу­чи ним, ту­ку на не­кој друг, па от­та­му про­из­ле­гу­ва и нив­на­та од­лу­ка оси­гу­ру­ва­ње­то за имот и за жи­вот да го оста­ват за не­кои по­до­бри вре­ми­ња. Мо­же­би на оваа нив­на од­лу­ка вли­јае и ни­ски­от стан­дард, иа­ко, спо­ред друш­тва­та за оси­гу­ру­ва­ње, тој не е пре­су­ден. Примерот, пак, на светските ѕвезди за осигурување на делови од телото, како што се задник или нозе, нашите јавни личности се уште не го следат

По­жар, поп­ла­ва или краж­ба е не­што што мо­же да им се слу­чи на на­ши­те со­се­ди или на не­кој друг, но не и нам! Ва­ка нај­че­сто раз­мис­лу­ва­ат гра­ѓа­ни­те, кои се убе­де­ни де­ка не­ма по­тре­ба за оси­гу­ру­ва­ње на сопс­тве­ни­от имот или жи­вот. Поп­ла­ви­те што се слу­чи­ја во на­ше­то оп­кру­жу­ва­ње, ка­ко и по­рој­ни­те дож­до­ви кај нас, вне­соа страв кај лу­ѓе­то и ги на­те­раа да сфа­тат де­ка нез­го­ди­те и ште­ти­те вле­гу­ва­ат во нив­ни­те до­мо­ви без тро­па­ње на вра­та, без нај­а­ва. Па ду­ри и не мо­ра да има еле­мен­тар­на не­по­го­да. До­вол­но е ста­нот да би­де поп­ла­вен од со­сед­ни­от или, пак, сопс­тве­ни­от да би­де из­вор на поп­ла­ва. Оси­гу­ру­ва­ње­то ги по­кри­ва ште­ти­те и во ва­кви слу­чаи. Не­кои поч­наа да сфа­ќа­ат де­ка е мно­гу по­до­бро да се изд­во­јат мал­ку средс­тва за да се оси­гу­ри сопс­тве­но­ста, откол­ку по­тоа да се да­ва вре­ќа па­ри за не­што да се гра­ди од­но­во. По­тре­ба­та за оси­гу­ру­ва­ње на имо­тот по­ле­ка ста­ну­ва ре­ал­ност, па Ма­ке­дон­ци­те ста­ну­ва­ат свес­ни де­ка оси­гу­ру­ва­ње­то е единс­твен на­чин да се одр­жи и об­но­ви тоа што се по­се­ду­ва и се соз­да­ва­ло со го­ди­ни. Во сог­лас­ност со ова, оси­гу­ри­тел­ни­от па­зар во Ма­ке­до­ни­ја во из­ми­на­ти­ве го­ди­ни бе­ле­жи по­раст и ла­ни ос­тва­ри вкуп­на пла­си­ра­на бру­то-пре­ми­ја од 7,19 ми­ли­јар­ди де­на­ри. Се­пак, во оси­гу­ри­тел­ни­те ком­па­нии ве­лат де­ка и по­на­та­му има слаб од­ѕив кај гра­ѓа­ни­те за оси­гу­ру­ва­ње на имо­тот или за оси­гу­ру­ва­ње на жи­во­тот. Ма­ке­дон­ски­от па­зар на оси­гу­ру­ва­ње сѐ уште е не­до­вол­но раз­ви­ен, а нај­го­лем дел од па­за­рот го оп­фа­ќа за­дол­жи­тел­но­то оси­гу­ру­ва­ње од авто­од­го­вор­ност, по­со­чу­ва­ат од оси­гу­ри­тел­ни­те ком­па­нии. Спо­ред нив има го­лем по­тен­ци­јал во не­за­дол­жи­тел­ни­те оси­гу­ру­ва­ња, кои во Ма­ке­до­ни­ја не­ма­ат го­ле­мо учес­тво во вкуп­но­то оси­гу­ри­тел­но пор­тфо­лио. Примерот, пак, на светските ѕвезди за осигурување на делови од телото, како што се задник или нозе, нашите јавни личности се уште не го следат.

- До­кол­ку се на­пра­ви спо­ред­ба на ре­зул­та­ти­те во не­жи­вот­но оси­гу­ру­ва­ње од пр­ви­от квар­тал во 2014 го­ди­на со тие од пр­ви­от квар­тал во 2013 го­ди­на, мо­же да се за­бе­ле­жи одре­ден по­зи­ти­вен тренд. Име­но, во пр­ви­от квар­тал од 2014 го­ди­на бру­то-пре­ми­ја­та на по­ли­си­те во до­ме­нот на не­жи­вот­но оси­гу­ру­ва­ње из­не­су­ва­ше вкуп­но 1.786.828.000 де­на­ри, што е ре­чи­си 10 про­цен­ти по­ве­ќе од исти­от пер­и­од ми­на­та­та го­ди­на. Благ по­зи­ти­вен тренд мо­же да се за­бе­ле­жи и во пог­лед на бро­јот на склу­че­ни до­го­во­ри, кој во пр­ви­от квар­тал од го­ди­на­ва по­ка­жу­ва 2,4 про­цен­ти по­до­бар ре­зул­тат, во спо­ред­ба со пр­ви­от квар­тал од 2013 го­ди­на, до­де­ка, пак, про­сеч­на­та пре­ми­ја по до­го­вор е за 7,25 про­цен­ти по­до­бра од таа во исти­от пер­и­од ми­на­та­та го­ди­на. Овие ре­зул­та­ти по­ка­жу­ва­ат по­зи­тив­но разд­ви­жу­ва­ње во оси­гу­ри­тел­на­та ин­ду­стри­ја во Ма­ке­до­ни­ја, но се сѐ уште да­ле­ку од со­стој­би­те во оси­гу­ри­тел­на­та ин­ду­стри­ја во ре­ги­о­нот – ве­ли Са­ња Тан­чев­ска, из­врш­на ди­ре­ктор­ка на „Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“.

Спо­ред неа, ма­ке­дон­ски­от па­зар е иск­лу­чи­тел­но кон­цен­три­ран и кон­ку­рен­тен, но сѐ уште не е ­до­вол­но раз­ви­ен, осо­бе­но по­ра­ди фа­ктот што нај­го­ле­ми­от дел од па­за­рот сѐ уште при­па­ѓа на за­дол­жи­тел­но­то оси­гу­ру­ва­ње од авто­од­го­вор­ност, кое зак­луч­но со пр­ви­от квар­тал од 2014 го­ди­на има учес­тво во вкуп­но­то не­жи­вот­но оси­гу­ру­ва­ње од 40 про­цен­ти.

- Го­лем по­тен­ци­јал гле­да­ме во не­за­дол­жи­тел­ни­те оси­гу­ру­ва­ња, кои во Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште не­ма­ат зна­чи­тел­но учес­тво во вкуп­но­то оси­гу­ри­тел­но пор­тфо­лио. Ова, пред сè, се дол­жи на фа­ктот де­ка свес­но­ста за по­тре­ба од оси­гу­ру­ва­ње кај нас е на мно­гу по­ни­ско ни­во во спо­ред­ба со зем­ји­те во ре­ги­о­нот и во Евро­па. Кај нас оси­гу­ру­ва­ње­то на имот сѐ уште се до­жи­ву­ва ка­ко тро­шок, ме­сто ка­ко ин­ве­сти­ци­ја. По­крај тоа, пре­дра­су­ди­те де­ка оси­гу­ру­ва­ње­то чи­ни мно­гу до­пол­ни­тел­но вли­ја­ат на раз­во­јот на оваа ин­ду­стри­ја. Се­пак, се за­бе­ле­жу­ва по­зи­ти­вен тренд ре­чи­си во си­те кла­си на оси­гу­ру­ва­ње, кој са­мо го по­твр­ду­ва фа­ктот де­ка па­за­рот на оси­гу­ру­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја има го­лем по­тен­ци­јал. Во овој кон­текст е важ­но да се спо­ме­не и оси­гу­ру­ва­ње­то во зем­јо­делс­тво­то. Име­но, Аген­ци­ја­та за фи­нан­си­ска под­др­шка на зем­јо­делс­тво и на ру­ра­лен раз­вој во 2008 го­ди­на во­ве­де Про­гра­ма за суб­вен­ци­о­ни­ра­ње во пре­ми­ја­та за оси­гу­ру­ва­ње на при­мар­но­то зем­јо­дел­ско про­из­водс­тво од ос­нов­ни­те ри­зи­ци град, по­жар и гром во из­нос од 60 про­цен­ти. Со во­ве­ду­ва­ње­то на про­гра­ма­та мо­же да се за­бе­ле­жи зго­ле­мен ин­те­рес и по­зи­ти­вен тренд кај овој вид оси­гу­ру­ва­ње, но имај­ќи го пред­вид бро­јот на ре­ги­стри­ра­ни зем­јо­дел­ци, учес­тво­то на тие што се оси­гу­ру­ва­ат е сѐ уште мно­гу мал. „Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“, ме­ѓу дру­го­то, е и ли­дер во овој вид оси­гу­ру­ва­ње, а со цел да им из­ле­зе­ме в пре­срет на по­тре­би­те на на­ши­те кли­ен­ти, вло­жу­ва­ме на­по­ри да овоз­мо­жи­ме ви­со­ко­ква­ли­тет­на ус­лу­га и бр­зо ре­ша­ва­ње ште­ти, ја под­др­жу­ва­ме про­гра­ма­та за суб­вен­ци­о­ни­ра­ње од са­ми­от по­че­ток, и на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те зем­јо­дел­ци до­пол­ни­тел­но им да­ва­ме мож­ност овие средс­тва да ги пла­ќа­ат на ра­ти – до­да­ва Тан­чев­ска.

Се­пак, според из­врш­на­та ди­ре­ктор­ка на „Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“, зго­ле­ме­ни­от број стран­ски ин­ве­сти­ции во зем­ја­ва вли­ја­ат по­зи­тив­но врз по­до­бру­ва­ње­то на деловната кли­ма, ка­ко и ме­ну­ва­ње на на­ви­ки­те и на по­тре­би­те од оси­гу­ру­ва­ње.

- Се­то ова при­до­не­су­ва во др­жа­ва­та сѐ по­ве­ќе да се ме­ну­ва­ат на­ви­ки­те и по­тре­би­те за оси­гу­ру­ва­ње. Ова е осо­бе­но важ­но по­ра­ди тоа што еден од пре­дус­ло­ви­те за ус­пеш­на дол­го­роч­на и одрж­ли­ва ин­ве­сти­ци­ја е за­дол­жи­тел­но­то оси­гу­ру­ва­ње на имо­тот, вра­бо­те­ни­те, ка­ко и оси­гу­ру­ва­ње­то на мож­ни­те фи­нан­си­ски за­гу­би по­ра­ди пре­кин на ра­бо­та – ве­ли Тан­чев­ска.

„Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“ е дол­го­го­ди­шен ли­дер на па­за­рот, со прог­но­за за по­раст и за уг­лед на ста­бил­на фи­нан­си­ска ин­сти­ту­ци­ја.

- Не­о­дам­на, во рам­ки­те на не­за­вис­но­то истра­жу­ва­ње на па­за­рот Медал за квалитет (Qуality meDAL – QUDAL) на швај­цар­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја и на Ме­ѓу­на­род­но­то здру­же­ние за сер­ти­фи­ка­ти (ICERTIAS), ма­ке­дон­ска­та јав­ност го оце­ни „Триг­лав“ ка­ко оси­гу­ри­тел­на ком­па­ни­ја што ну­ди ап­со­лут­но нај­до­бар ква­ли­тет на ма­ке­дон­ски­от па­зар, што е огром­на са­ти­сфак­ци­ја за вло­же­ни­те на­по­ри, по­твр­да за ис­прав­но­ста на пред­ви­де­на­та стра­те­ги­ја, но и го­лем пот­тик да ра­бо­ти­ме уште по­ве­ќе на по­до­бру­ва­ње на вкуп­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на ком­па­ни­ја­та – ве­ли Тан­чев­ска.

„Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“ во пр­ви­от квар­тал од 2014 го­ди­на ја зац­вр­сти сво­ја­та по­зи­ци­ја ка­ко ли­дер на ма­ке­дон­ски­от па­зар на не­жи­вот­но оси­гу­ру­ва­ње и го зго­ле­ми сво­е­то па­зар­но учес­тво на 16,54 про­цен­ти, во спо­ред­ба со исти­от пер­и­од ми­на­та­та го­ди­на.

- „Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“ кон­ти­ну­и­ра­но ра­бо­ти на по­до­бру­ва­ње на по­стој­ни­те про­ду­кти, ка­ко и на раз­вој на но­ви про­ду­кти, кои се во сог­лас­ност со по­тре­би­те на па­за­рот. Та­ка, ми­на­та­та го­ди­на го во­ве­дов­ме „Триг­лав комп­лет“, па­кет-про­из­во­ди што обез­бе­ду­ва оси­гу­ру­ва­ње дом, оси­гу­ру­ва­ње се­мејс­тво и ка­ско-оси­гу­ру­ва­ње авто­мо­би­ли, со вклу­че­ни до­пол­ни­тел­ни по­вол­но­сти. На по­че­то­кот на мај оваа го­ди­на ја во­ве­дов­ме се­зон­ска­та про­мо­тив­на по­ну­да за здрав­стве­но пат­нич­ко оси­гу­ру­ва­ње, во чи­и­што рам­ки на на­ши­те кли­ен­ти им овоз­мо­жу­ва­ме за­ште­да од 20 про­цен­ти за си­те де­сти­на­ции во све­тот. Разг­ле­ду­ва­ме и мож­но­сти за раз­вој и за во­ве­ду­ва­ње дру­ги про­из­во­ди и ус­лу­ги, кои сме­та­ме де­ка ќе од­го­во­рат на по­тре­би­те на па­за­рот и ќе при­до­не­сат за уште по­го­ле­мо за­до­волс­тво на кли­ен­ти­те – ве­ли Тан­чев­ска.

Fotolia_5816837_Subscription_L-copy

Фа­ктот де­ка 22,78 про­цен­ти од вкуп­но исп­ла­те­ни­те ште­ти во Ма­ке­до­ни­ја во 2013 го­ди­на при­па­ѓа­ат ток­му на „Триг­лав оси­гу­ру­ва­ње“, што е во­ед­но убед­ли­во нај­до­бар ре­зул­тат на па­за­рот, са­мо до­пол­ни­тел­но го­во­ри за бр­зо­то и ефи­кас­но ре­ша­ва­ње на ште­ти­те, за си­гур­но­ста што ја ну­дат, ка­ко и за фи­нан­си­ска­та ста­бил­ност на ком­па­ни­ја­та.

- Тоа се нај­важ­ни­те фа­кто­ри што тре­ба да се зе­мат пред­вид ко­га до­не­су­ва­те од­лу­ка ко­ја оси­гу­ри­тел­на ком­па­ни­ја ќе ја из­бе­ре­те. Кли­ен­ти­те го пре­поз­на­ва­ат тоа, а истра­жу­ва­ња­та до­ка­жу­ва­ат де­ка па­за­рот го оце­ну­ва „Триг­лав“ ка­ко ком­па­ни­ја со нај­ви­сок ква­ли­тет, фи­нан­си­ска си­гур­ност и до­вер­ли­вост – до­да­ва Тан­чев­ска.

Спо­ред пр­ви­те лу­ѓе од оваа оси­гу­ри­тел­на ком­па­ни­ја, раз­во­јот на оси­гу­ри­тел­на­та ин­ду­стри­ја кај нас и во ре­ги­о­нот за­ви­си и од те­ков­ни­те еко­ном­ски со­стој­би, кои вли­ја­ат на сто­пан­ски­те актив­но­сти и на ку­пов­на­та моќ на гра­ѓа­ни­те.

Ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци на Аген­ци­ја­та за су­пер­ви­зи­ја на оси­гу­ру­ва­ње­то (АСО) го илу­стри­ра­ат рас­теч­ки­от тренд на оси­гу­ру­ва­ње имот или зем­јо­дел­ски­те по­се­ви, иа­ко во пос­лед­но вре­ме рас­те и ин­те­ре­сот за оси­гу­ру­ва­ње на жи­во­тот. Нај­ко­ри­стен про­из­вод од оси­гу­ри­тел­ни­те друш­тва оста­ну­ва оси­гу­ру­ва­ње­то од авто­од­го­вор­ност, и тоа од при­чи­на што тоа е вр­за­но со ре­ги­стра­ци­ја на во­зи­ла­та.

- Жи­вот­но­то оси­гу­ру­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја е со про­сеч­на стап­ка на по­раст од 20 про­цен­ти на го­диш­но ни­во и со тоа ние сме на вр­вот во од­нос на зем­ји­те од Цен­трал­на и од Источ­на Евро­па, до­де­ка во Сло­ве­ни­ја и во Хр­ват­ска има пад. Тоа се дол­жи на фа­ктот што гра­ѓа­ни­те сѐ по­ве­ќе ги при­фа­ќа­ат при­до­би­вки­те од жи­вот­но­то оси­гу­ру­ва­ње, со ог­лед на тоа де­ка има и штед­на ком­по­нен­та и ин­ве­сти­ци­ска вред­ност и е пре­поз­на­е­но од бан­ки­те во де­лот на дол­го­роч­но­то кре­ди­ти­ра­ње. Та­ка, се­кој по­тро­шу­вач­ки кре­дит по­долг од две го­ди­ни ќе би­де по­кри­ен (оси­гу­рен) со по­ли­са на оси­гу­ру­ва­ње од ри­зик на смрт на ­ба­ра­те­лот на кредит. Тоа за­се­га кај нас го ну­ди са­мо Охрид­ска бан­ка – Со­си­е­те же­не­рал, но по­стои ини­ци­ја­ти­ва за вклу­чу­ва­ње на уште две-три бан­ки: НЛБ Ту­тун­ска бан­ка, Ко­мер­ци­јал­на бан­ка и Сто­пан­ска бан­ка – ин­фор­ми­ра­ат од АСО.

Во зем­ја­ва че­ти­ри друш­тва ну­дат оси­гу­ру­ва­ње на жи­вот и си­те се со стран­ски ка­пи­тал. Од АСО ве­лат де­ка ме­ѓу нив се во­ди ре­ал­на кон­ку­рен­ци­ја во прив­ле­ку­ва­ње­то на оси­гу­ре­ни­ци. Во 2013 го­ди­на из­но­сот на бру­то-пре­ми­ја­та на по­ли­си­те (БПП) кај оси­гу­ру­ва­ње­то жи­вот из­не­су­ва­ла 729 ми­ли­о­ни де­на­ри, во 2012 го­ди­на е 598 ми­ли­о­ни, а во 2011 го­ди­на би­ла 469 ми­ли­о­ни де­на­ри.

Спо­ред по­да­то­ци­те на АСО, за 4,5 про­цен­ти се зго­ле­ми­ла по­кри­е­но­ста со по­ли­си во де­лот на не­жи­вот­но­то оси­гу­ру­ва­ње ка­де што ла­ни БПП во овој сег­мент до­стиг­на­ла 6,41 ми­ли­јар­да де­на­ри, во кој до­ми­ни­ра оси­гу­ру­ва­ње­то од авто­од­го­вор­ност. Исто та­ка, двој­но се зго­ле­ме­ни по­ли­си­те кај зем­јо­дел­ци­те, а со сѐ по­го­ле­ми­от влез на стран­ски ком­па­нии и ин­ве­сти­то­ри во зем­ја­ва се оче­ку­ва и си­лен по­раст на бро­јот на по­ли­си­те за оси­гу­ру­ва­ње на транс­порт и на фи­нан­си­ски за­гу­би. Ми­на­та­та го­ди­на во Аген­ци­ја­та за су­пре­ви­зи­ја на оси­гу­ру­ва­ње­то при­стиг­на­ле 148 прет­ста­вки, од кои 50 про­цен­ти од поп­ла­ки­те би­ле ре­ше­ни во ко­рист на оси­гу­ре­ни­ци­те и се од­не­су­ва­ле во де­лот на авто­од­го­вор­ност во од­нос на европ­ски­от за­пис­ник. Во мо­мен­тов на оси­гу­ри­тел­ни­от па­зар функ­ци­о­ни­ра­ат 15 друш­тва од кои 11 во де­лот на не­жи­вот­но и че­ти­ри во де­лот на жи­вот­но оси­гу­ру­ва­ње. Пре­диз­вик е во­ве­ду­ва­ње при­ват­на здрав­стве­на за­шти­та, ко­ја би се те­ме­ле­ла на три стол­ба, пар­ти­ци­па­ци­ја во јав­но­то здрав­ство, до­би­ва­ње по­ви­со­ко ни­во на ус­лу­ги и про­стор за ра­бо­та со при­ват­ни­те кли­ни­ки.

- Зго­ле­ме­на­та по­ну­да на оси­гу­ри­тел­ни по­ли­си од стран­ски ин­ве­сти­то­ри е ед­на од при­чи­ни­те за по­раст на на­ши­от оси­гу­ри­те­лен па­зар би­деј­ќи го пре­поз­наа по­тен­ци­ја­лот. На тоа му ку­му­ва и по­до­бре­на­та фи­нан­си­ска еду­ка­ци­ја на гра­ѓа­ни­те, но и ма­кро­е­ко­ном­ска­та ста­бил­ност на зем­ја­ва изра­зе­на пре­ку ни­ска­та инф­ла­ци­ја и ста­бил­ни­от курс на де­на­рот – оце­ну­ва­ат од АСО.

За да се одр­жи ва­ква­та ста­бил­ност, стран­ски­те струч­ња­ци со­ве­ту­ва­ат да се за­си­ли су­пер­ви­зи­ја­та.

- Ед­на еко­но­ми­ја мо­же да се раз­ви­ва ако има си­лен оси­гу­ри­те­лен па­зар. Су­пер­ви­зи­ја­та на оси­гу­ру­ва­ње­то е осо­бе­но важ­на би­деј­ќи во дел од европ­ски­те зем­ји по­ра­ди не­до­вол­на су­пер­ви­зи­ја го­лем број од оси­гу­ри­тел­ни­те ком­па­нии ја за­гу­би­ја сол­вент­но­ста, а со тоа и до­вер­ба­та на оси­гу­ре­ни­ци­те – из­ја­ви не­о­дам­на Карл ван Ху­ле, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор од Бел­ги­ја.

Во Ма­ке­до­ни­ја ва­кво сце­на­рио е не­воз­мож­но, сме­та­ат од Аген­ци­ја­та за су­пер­ви­зи­ја на оси­гу­ру­ва­ње­то.

- Сол­вент­но­ста на на­ши­те оси­гу­ри­те­ли ком­па­нии е че­ти­ри па­ти по­го­ле­ма од по­ста­ве­ни­те мар­ги­ни. Оси­гу­ри­тел­на­та ин­ду­стри­ја е со­лид­на, ком­па­ни­и­те се ка­пи­та­ли­зи­ра­ни и има­ат фи­нан­си­ска си­ла да ги фи­нан­си­ра­ат пре­зе­ме­ни­те об­вр­ски и да ги сер­ви­си­ра­ат на­ста­на­ти­те ште­ти – сме­та­ат од АСО.

Се­пак, сѐ уште не мо­же да се ка­же де­ка ма­ке­дон­ски­от оси­гу­ри­те­лен па­зар е раз­ви­ен. Пре­ми­ја­та по жи­тел из­не­су­ва 3.401 де­нар (55 евра) и е ед­на од нај­ни­ски­те во ре­ги­о­нот, но се дви­жи на­го­ре и е мно­гу бли­ску до Бу­га­ри­ја, Тур­ци­ја и до Ср­би­ја, Цр­на Го­ра е на на­ше ни­во, а зад нас се са­мо Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во.

Pozar-kaj-josip-broz-13-copy

И од Здру­же­ни­е­то за оси­гу­ру­ва­ње при Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја ука­жу­ва­ат де­ка рас­те ин­те­ре­сот за жи­вот­но оси­гу­ру­ва­ње.

– Друш­тва­та за оси­гу­ру­ва­ње во 2013 го­ди­на исп­ла­ти­ле ште­ти во ви­си­на од 2,96 ми­ли­јар­ди де­на­ри или око­лу 48 ми­ли­о­ни евра, што во спо­ред­ба со 2012 го­ди­на, ко­га би­ле исп­ла­те­ни 3,01 ми­ли­јар­ди де­на­ри, има на­ма­лу­ва­ње од 1,81 про­цент – ана­ли­зи­ра­ат од СКМ.

По­да­то­ци­те на Здру­же­ни­е­то по­ка­жу­ва­ат де­ка ла­ни оси­гу­ри­тел­ни­от се­ктор ос­тва­рил до­би­вка од 228 ми­ли­о­ни де­на­ри, по две го­ди­ни при­ка­жа­на за­гу­ба. От­та­му сме­та­ат де­ка 2013 го­ди­на е го­ди­на на по­раст на оси­гу­ри­тел­ни­от се­ктор во Ма­ке­до­ни­ја.

– Ос­тва­ре­на е бру­то-пре­ми­ја на по­ли­си во из­нос од 7,19 ми­ли­јар­ди де­на­ри, што е за 2,60 про­цен­ти по­ве­ќе во од­нос на ос­тва­ре­на­та во 2012 го­ди­на. Во де­лот на оси­гу­ру­ва­ње на жи­во­тот е за­бе­ле­жан по­раст од 21,96 про­цен­ти – ве­лат од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра.

Во Здру­же­ни­е­то ве­лат де­ка прв­пат во Ма­ке­до­ни­ја оси­гу­ру­ва­ње­то на жи­во­тот ја над­ми­на­ло гра­ни­ца­та од 10 про­цен­ти учес­тво во вкуп­на­та бру­то-пре­ми­ја на по­ли­си на оси­гу­ри­тел­ни­от се­ктор.

Спо­ред од­го­вор­ни­те, друш­тва­та за оси­гу­ру­ва­ње се важ­ни ин­сти­ту­ци­о­нал­ни ин­ве­сти­то­ри на до­маш­ни­от фи­нан­си­ски па­зар, со вкуп­ни вло­жу­ва­ња од 8,7 ми­ли­јар­ди де­на­ри. Глав­ни из­во­ри од кои се ге­не­ри­ра­ат вло­жу­ва­ња­та се ка­пи­та­лот и тех­нич­ки­те ре­зер­ви. Во 15 друш­тва ла­ни би­ле вра­бо­те­ни 1.569 ли­ца, или 7,4 про­цен­ти по­ве­ќе од 2012 го­ди­на. Во оси­гу­ри­тел­на­та ин­ду­стри­ја до­пол­ни­тел­но се ан­га­жи­ра­ни 669 за­стап­ни­ци со ли­цен­ца, а на па­за­рот има и 334 оси­гу­ри­тел­ни бро­ке­ри со ли­цен­ца.

 

(Пишува: Александрија Стевковска
Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top