Првиот турнир на „Дурекс“ во одбојка на плажа ќе се одржи овој викенд во спортскиот центар „Мондано“ во Скопје, дел од средното училиште „Јосип Броз Тито“. Ќе се натпреваруваат осум тима, а тимовите ќе играат два на два, составени од едно момче и една девојка.
Пријавените парови-натпреварувачи ќе си ги измерат силите во одбојка на песок в сабота и в недела со почеток од 20 часот до 24 часот, а навивачите и поддржувачите ќе ги забавува диџеј Бороу.
Тимовите ќе бидат именувани според продуктите на „Дурекс“: Jeans, Pleasure Max, Comfort Xl, Lovers Connect, Tropical, Pure Fantasy, Vibrating Ring, Real Feel, а ќе имаат и брендирани маици.
За најдобрите следуваат награди: таблети, фотоапарати, МП3 плеери, а за навивачите производи „дурекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.