| четврток, 6 декември 2018 |

Блерим Џемаили пристигна во Македонија (фото)

Фудбалерот Блерим Џемаили кој настапува за репрезентацијата на Швајцарија, по поразот од Аргентина за него заврши мундијалот, па ја искористи таа прилика да дојде во Македонија, пренесува Телеграф.

Репрезентативецот на Швајцарија кој има потекло од Македонија, Блерим Џемаили пристигна во Скопје после настапот на Мундијалот во Бразил.

Џемаили дојде во земјата во која е роден во посета на своите роднини. Секако веднаш го сврте вниманието на себе, а за него имаше и дочек од неговите најблиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top