| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе скопски населби утре без струја

Во периодот од 9 до 10 часот без струја утре ќе бидат дел од корисниците од улицата „Франклин Рузвелт“ бр.68 влез 1.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од одморалиштето „Младост“-Водно, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Мирковци, улица број 1, дел од улицата „Александар Македонски“ во општина Ѓорче Петров и корисниците од селото Батинци, улиците „6“, „7“ и „8“ во населба Љубош.

Во периодот од 9.30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ангел Динов“ во општина Карпош, а од 11 до 13 часот дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ бр.46.

Од 8 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Агино Село, фискултурното училиште и дел од улиците „Јордан Мијалков“ и „Димче Мирчев“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините се технички зафати во електросистемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top