| четврток, 6 декември 2018 |

Биковите романтични, раковите љубовници

zena horoskop

Овен: Луѓе од една минута

Познати се како многу директни играчи. На нив не им е тешко да ги споделат со другите своите мислења и идеи, но ни да земат се и веднаш. Сепак, проблем со него може да биде тоа што очекуваат секогаш да погодуваат во центар. Затоа сметајте дека Овенот е главен и дека ќе ве одведе таму каде што сака тој.

Бик: Романтичари

Додека Овните се живи и импулсивни, Биковите сакаат малку да почекаат. Правењето план со нив за одење во ресторан може да биде малку фрустрирачко. Многу е неодлучен, но кога ќе сфати дека вие сте вистинската личност за него, подгответе се за долга предигра. Ако сакате романтика, Бикот е вашиот човек.

Близнаци: Зборлести

Ќе го употреби целиот свој интелект само за да не биде здодевен. Ако сакате поедноставни мирни личности, можеби ќе бидете шокирани од неговите сочни, заводнички монолози. Но ако ве возбудуваат телефонскиот секс и валканите разговори, наидовте на вистинскиот соговорник.

Рак: Љубовници

Раковите се многу емотивни, што значи дека сексот за нив не е чисто механички и физички потфат, туку очекуваат поетичен чин на убавина и љубов. Ако сакате да бидете со Ракот, подгответе се на интензивно возење.

Лав: Нарцисоидни

Страствената и авантуристичка природа на Лавот тешко може да биде надмината. Неговата мечта во осмислувањето начини да го задоволите е бесконечна. Овие мачки се родени да доминираат. Не се стегаат да ја покажат својата самодоверба. Играта со него може да биде незаборавна. но бидете свесни дека вашето задоволство ќе биде во втор план.

Девица: Прикриени нимфомани

Ќе се изненадите ако знаете дека срамежливата, неодлучна Девица зад затворена врата сака да ужива во постелата. Резервираното држење на овој земјен знак не ги погодува нејзините внатрешни страсти. Еднаш кога ќе ве запознае и ќе ви укаже доверба, чувајте се – нема да имате мир ни за момент.

Терезија: Стручњаци

Тие се вистински уметници кога е во прашање љубовната шема. Тие трагаат по совршената хармонија со својот партнер, уживајќи во секој детаљ. Многу вложуваат во романтичните моменти – долна облека, тивка музика, масажа со миризливи масла.

Скорпија: Сексуални магнети

Огнената Скорпија е најстраствениот знак во хороскопот. Бидејќи нивната сексуална енергија и магнетизмот не можат да се игнорираат, со одењето в кревет со неа лесно можете да се изгорите. Додека вие го доживувате моментот на вашиот живот, нивниот пристап кон сексот „сакај и остави“ може да биде многу болен за вас.

Стрелец: Дон Жуан

Стручњак во уметноста на заведувањето, кај него се се врти околу парите. Тие ги тренираат своите моќи врз предметот на нивната страст, што им помага да се соочат со својата сопствена сексуална вештина.

Јарец: Бавна пловидба

Може да изгледа како ‘рѓосан љубовник – бавно го презема првиот чекор, трпелив е до крајни граници на толеранција. Бидете трпеливи со него и ќе бидете богато наградени.

Водолија: Колекционери на играчки

Ако не ви се допаѓа идејата за кадифена кутија полна со светликави, лигави предмети што работат на батерии под креветот на вашиот партнер, Водолијата не е вистинската личност за вас. Секогаш се подготвени за екперименти со цел на заедничко задоволство.

Риби: Старомодно верни

Слично на Раковите, Рибите секогаш повеќе ќе ја ценат емотивната поврзаност за време на сексот отколку физичката. Страст, љубов, внимание, трпеније – ова се работи што се во игра кога како љубовник имате Риби. Сепак, најверојатно ќе морате поголемиот дел од работата самите да го завршите. Рибите се многу мрзливи. Можеби би можеле да прифатат совет од Водолиите и да ги направат работите поинтересни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top