Двојките што не се облечени под прекривката имаат посилни односи отколку љубителите на пижами, покажува новото истражување.
Од 1004 Британци, 57 отсто од оние што спијат голи велат дека се многу среќни и задоволни во својот сексуален живот. Во споредба со нив 48% од оние кои спијат со пижами се само задоволни од односот со партнерот. 43% од жените кои сакаат ноќница се смирени во врската. Резултатите од анкетата покажуваат дека четири од десет луѓе спијат голи, како и, верувале или не, 45% од сопружниците над 55 години.
Истражувањето, исто така, покажа дека навиките кои ги имаме во спалната соба може да влијаат на среќата во односите. Половина од анкетираните се караа, кога партнерот им јаде во кревет, а 23% мразат кога нивниот партнер си легнува со чорапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


