| четврток, 6 декември 2018 |

Исламски милитанти со закани за Приштина, Тирана и за Скопје

Бо­ре­цот на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Ис­лам­ска др­жа­ва Ирак и Ле­вант“ што на ед­но ви­део об­ја­ве­но на „Јут­јуб“ па­ли ма­ке­дон­ски па­сош, ги по­твр­ди сом­не­жи­те де­ка ре­ги­о­нов и зем­ја­ва на­ско­ро мо­же да се со­о­чат со се­ри­оз­ни ак­ции на ис­лам­ски ра­ди­ка­ли, кои тре­ба да ја спро­ве­дат нај­а­ва­та за осво­ју­ва­ње на Еру­са­лим, Рим и на Ан­да­лу­зи­ја, ка­ко што се ве­ли на сним­ка­та. Ин­фор­ма­ци­и­те од ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми де­ка во оваа зем­ја има де­се­ти­на ра­ди­ка­ли под­го­тве­ни за са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди и де­ка тие се под­го­тве­ни за на­па­ди на си­те што не го под­др­жу­ва­ат Алах, ги ста­ви под при­ти­сок ко­сов­ски­те и ал­бан­ски­те, но и ма­ке­дон­ски­те вла­сти, кои до­се­га не про­го­во­ри­ле јав­но за опас­но­ста од та­кви на­па­ди

Aktuelno95-1

Ма­ке­дон­ски­те вла­сти сѐ уште не го зна­ат иден­ти­те­тот на му­џа­хе­ди­нот што на­пра­ви кри­вич­но де­ло со тоа што за­па­ли ма­ке­дон­ски па­сош. Сим­бо­ли­ка­та на па­ле­ње­то на па­со­шот што му го из­да­ла др­жа­ва­та во ко­ја тре­ба да се вра­ти за наб­љу­ду­ва­чи­те има не­кол­ку мож­ни зна­че­ња. Ед­но­то е де­ка ма­ке­дон­ски­от др­жав­ја­нин не­ма на­ме­ра да се вра­ти до­ма и е под­го­твен да за­ги­не за ка­у­за­та на Ирак, а вто­ро­то е де­ка тој во зем­ја­ва мо­же да се вра­ти иле­гал­но или, пак, со друг па­сош, ка­ко, на при­мер, ко­сов­ски. Поз­на­ва­чи­те не ја иск­лу­чу­ва­ат и мож­но­ста тој во­оп­што да не е ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин ту­ку да па­ли па­сош од не­кој прет­ход­но за­ги­нат ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин. Во исто вре­ме се разг­ле­ду­ва и оп­ци­ја­та ви­де­о­то да е об­ја­ве­но во про­па­ганд­ни це­ли за да се соз­да­де страв, а во исто вре­ме и да се пот­тик­нат тие што раз­мис­лу­ва­ат да­ли да за­ми­нат во све­та вој­на во Ирак или во Си­ри­ја.

За раз­ли­ка од Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што са­мо пор­та­лот МКД.МК об­ја­ви ин­фор­ма­ции за опас­но­ста со ко­ја се со­о­чу­ва ре­ги­о­нов, ме­ди­у­ми­те на Ко­со­во кре­наа па­ни­ка и при­тоа ци­ти­раа из­во­ри од нив­ни­те служ­би за без­бед­ност и стран­ски без­бед­нос­ни стру­кту­ри, при што на­ве­ду­ва­ат де­ка глав­ни це­ли се аме­ри­кан­ска­та во­е­на ба­за „Бонд­стил“, се­ди­ште­то на ми­си­ја­та ЕУ­ЛЕКС, но и ло­ка­ции во Ал­ба­ни­ја и во Ма­ке­до­ни­ја.

Спо­ред раз­уз­на­вач­ки­те по­да­то­ци со кои рас­по­ла­га­ат ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми и без­бед­нос­ни­те стру­кту­ри, глав­на цел на при­пад­ни­ци­те на мре­жа­та на ис­лам­ски­те ра­ди­ка­ли се при­пад­ни­ци на по­ли­тич­ки­те пар­тии во вла­ста во три­те др­жа­ви што отво­ре­но се спро­тив­ста­ву­ва­ат на про­дор на вер­ски ор­га­ни­за­ции и на ли­ца бли­ски на иде­ја­та на Ал Ка­е­да и на дру­ги џи­ха­ди­стич­ки ор­га­ни­за­ции што се бо­рат за ше­ри­јат­ска др­жа­ва, што е глав­на цел на „Ис­лам­ска­та др­жа­ва Ирак и Ле­вант“. Нај­го­лем грев на по­тен­ци­јал­ни­те це­ли во ре­ги­о­нот е по­вр­за­но­ста со за­пад­ни ин­сти­ту­ции и ор­га­ни­за­ции, пред сѐ, аме­ри­кан­ски, што ја ко­ор­ди­ни­ра­ат бор­ба­та про­тив ис­ла­ми­сти­те во Ирак и во дру­ги ре­ги­о­ни, ка­ко Је­мен, Со­ма­ли­ја, Авга­ни­стан и Па­ки­стан.

Не­кои ана­ли­ти­ча­ри ја по­вр­зу­ва­ат оваа по­ја­ва со памф­ле­тот со кој на де­нот на гла­са­ње­то на но­ва­та вла­да Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја беа по­ви­ка­ни да се под­го­тват за нов по­ли­тич­ки суб­јект во зем­ја­ва. Иа­ко слич­ни ини­ци­ја­ти­ви има и на Ко­со­во и во Ал­ба­ни­ја, не е ре­ал­но де­ка ко­ја би­ло стру­ја што е бли­ска на ор­га­ни­за­ции со ше­ри­јат­ска иде­о­ло­ги­ја би мо­же­ла јав­но да по­ба­ра учес­тво во по­ли­тич­ки­от жи­вот во три­те се­ку­лар­ни др­жа­ви – Ко­со­во, Ал­ба­ни­ја и Ма­ке­до­ни­ја, чиј­што единс­твен стра­те­ги­ски парт­нер и во ми­на­то­то и во ид­ни­на ќе би­дат САД.

Aktuelno95-2

Ам­ба­са­до­рот на САД во Ма­ке­до­ни­ја, Пол Во­лерс, кој во сре­да­та учес­тву­ва­ше на се­ми­на­рот „Суз­би­ва­ње на на­сил­ни­от ек­стре­ми­зам и ра­ди­ка­ли­зам што во­ди кон те­ро­ри­зам“, ве­ли де­ка проб­ле­мот со те­ро­риз­мот и  со ра­ди­ка­лиз­мот е гло­ба­лен проб­лем.

– Во ме­ди­у­ми­те се­кој ден гле­да­ме ин­фор­ма­ции за та­кво не­што. Мо­же­ме да се спра­ви­ме со нив до­кол­ку ра­бо­ти­ме за­ед­но, и вна­треш­но и на ме­ѓу­на­ро­ден план. САД по­тен­ци­ра­ат де­ка мо­ра да ра­бо­ти­ме за­ед­но и да учи­ме ед­ни од дру­ги за овој проб­лем и да се ко­ор­ди­ни­ра­ме по­до­бро. Мис­лам де­ка тоа е мно­гу важ­но за бор­ба­та про­тив те­ро­риз­мот – ре­че Во­лерс спо­ред ко­го САД има­ат од­лич­на исто­ри­ја на со­ра­бо­тка и со Ма­ке­до­ни­ја и со зем­ји­те од ре­ги­о­нов, но не са­ка­ше да вле­гу­ва во де­та­ли за на­чи­нот на со­ра­бо­тка со ма­ке­дон­ско­то МВР.

И ам­ба­са­до­рот на ОБ­СЕ во Ма­ке­до­ни­ја, Ралф Брет, приз­на­ва де­ка ра­ди­кал­ни­от ек­стре­ми­зам е се­ри­оз­на опас­ност.

– Ре­ли­ги­ски­от ра­ди­ка­ли­зам и по­ли­тич­ки­те ра­ди­кал­ни гру­пи ра­бо­тат за­ед­но. Ра­ди­ка­ли­те одат во тре­нинг-кам­по­ви и по­не­ко­гаш за­вр­шу­ва­ат во те­ро­ри­стич­ки гру­пи. За спра­ву­ва­ње со овој проб­лем, освен со­ра­бо­тка­та на по­ли­ци­и­те, е по­треб­на и ра­бо­та со мла­ди­те лу­ѓе за да се ви­дат ко­ре­ни­те на овој ра­ди­ка­ли­зам, би­деј­ќи нај­че­сто мла­ди­те се тие што се вр­бу­ва­ни – ве­ли Брет.

 

Кој е прв на удар?

Пра­ктич­но, спо­ред ед­но од сце­на­ри­ја­та што ги раз­ви­ва­ат си­те без­бед­нос­ни служ­би во ре­ги­о­нов, пр­ви на удар би би­ле по­ли­тич­ки­те ли­де­ри што ва­жат за бли­ски на Ва­шин­гтон и што се тру­дат да го на­ма­лат вли­ја­ни­е­то на ра­ди­кал­ни­те мус­ли­ман­ски дви­же­ња од Бли­ски­от Исток кон Бал­ка­нот. По­крај по­ли­тич­ки­те ли­де­ри, при­мар­на цел би мо­же­ле да би­дат и пр­ви­те лу­ѓе на без­бед­нос­ни­те служ­би што се во ди­ре­ктен кон­такт со сво­и­те ко­ле­ги во Бри­сел и во Ва­шин­гтон. Ед­на од ди­рект­ни­те при­чи­ни за тоа се ак­ци­и­те што три­те бал­кан­ски зем­ји ги има­ат, во ко­ор­ди­на­ци­ја со Европ­ска­та уни­ја и со САД, за не­у­тра­ли­за­ци­ја и изо­ла­ци­ја на ор­га­ни­за­ци­и­те што спре­чу­ва­ат транс­фер на бор­ци од ре­ги­о­нот во Си­ри­ја, а се­га и во Ирак. Ма­ке­дон­ски­те служ­би за­се­га не са­ка­ат да ги ко­мен­ти­ра­ат ин­фор­ма­ци­и­те на ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми. Ин­фор­ма­ци­и­те ве­лат де­ка си­ту­а­ци­ја­та се сле­ди и де­ка се­кој пре­зе­мен по­тег е во ко­ор­ди­на­ци­ја со за­пад­ни­те со­јуз­ни­ци, но и де­ка таа си­ту­а­ци­ја не е но­ва. Со са­ма­та сог­лас­ност да ис­пра­тат вој­ни­ци во Ирак и во Авга­ни­стан, Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја ста­на­ле свес­ни де­ка еден ден би мо­же­ле да би­дат на­пад­на­ти од тие про­тив кои се бо­рат со­јуз­нич­ки­те си­ли на Бли­ски­от Исток.

 

Ко­со­во нај­лес­на цел, Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја со по­сил­ни ме­ха­низ­ми за од­бра­на

По­бор­ни­ци­те на те­ро­ри­стич­ки на­па­ди и по­ли­тич­ко-вер­ска ра­ди­кал­на ак­ци­ја во ре­ги­о­нов, пред сѐ на Ко­со­во, се пот­тик­на­ти од ни­за фа­кто­ри што им да­ва­ат пра­во да ве­ру­ва­ат де­ка еден ден нив­на­та би­тка ќе им се исп­ла­ти. Пред сѐ, та­му се сме­та на го­ле­ма­та не­вра­бо­те­ност и на де­мо­граф­ска­та експ­ло­зи­ја, кои, и по­крај по­мо­шта од ди­јас­по­ра­та и стран­ски­те ин­сти­ту­ции, го ста­ва­ат Ко­со­во во ран­гот на нај­си­ро­маш­ни­те европ­ски др­жа­ви со сла­бо вла­де­е­ње на пра­во­то и кла­нов­ска по­де­ле­ност, при што цен­трал­на­та власт, ко­ја во мно­гу се­кто­ри сѐ уште за­ви­си од стран­ци­те, е по­год­но тло за по­дел­би. Ра­ди­ка­ли­те сме­та­ат и на исто­ри­ја­та на УЧК ко­ја во­ју­ва­ше со ма­ни­фе­сти­ра­ње ек­стре­мен на­ци­о­на­ли­зам и се­па­ра­ти­зам за сво­ја­та др­жа­ва. Дел од но­ви­те ге­не­ра­ции, осо­бе­но оние над­вор од ели­та­та во При­шти­на, пот­тик­на­ти од вер­ски ра­ди­ка­ли­зам, а под­др­жа­ни од не­кол­ку вли­ја­тел­ни лу­ѓе во Ко­сов­ска­та ис­лам­ска за­ед­ни­ца, кои ја ана­те­ми­саа и Мај­ка Те­ре­за, са­ка­ат да соз­да­дат ше­ри­јат­ска др­жа­ва со мус­ли­ман­ски иден­ти­тет ка­де што Ал­бан­ци­те би се иден­ти­фи­ку­ва­ле, пред сѐ, ка­ко мус­ли­ма­ни. Во Ма­ке­до­ни­ја ра­бо­та­та е по­и­на­ква од очиг­лед­ни при­чи­ни, а за ра­ди­ка­ли­те е по­те­шко да ги спро­ве­дат це­ли­те и во Ал­ба­ни­ја ка­де што Ал­бан­ци­те -мус­ли­ма­ни, ка­то­ли­ци и пра­вос­лав­ни – сѐ уште се единс­тве­ни во од­бра­на на ал­бан­ски­от на­ци­о­на­ли­зам и иден­ти­тет, кој не се ба­зи­ра са­мо на ве­ра­та.

– Очиг­лед­но, ова е за­ка­на за це­ли­от свет. И Ма­ке­до­ни­ја не е изо­ли­ра­на во пог­лед на опас­но­сти­те, но и во пог­лед на мер­ки­те што мо­ра да се пре­зе­ма­ат. Еви­дент­но е де­ка за­ка­на­та со ко­ја се со­о­чу­ва­ме е за­ка­на со ко­ја се со­о­чу­ва це­ли­от де­мо­крат­ски свет. За Ма­ке­до­ни­ја тоа е проб­лем исто тол­ку кол­ку што е проб­лем и за САД и за ко­ја би­ло дру­га де­мо­крат­ска др­жа­ва во све­тот. Ко­га ста­ну­ва збор за те­ро­риз­мот, не по­сто­јат ма­ли и го­ле­ми др­жа­ви под не­го­ва за­ка­на – из­ја­ви ми­ни­стер­ка­та за вна­треш­ни ра­бо­ти, Гор­да­на Јан­ку­ло­ска.

Aktuelno95-3

 

За­стра­шу­вач­ки ин­фор­ма­ции во ме­ди­у­ми­те

Ко­сов­ски­от вес­ник „Екс­прес“ ве­ќе об­ја­ви де­ка 10 Ко­сов­ци се под­го­тве­ни за са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди. Спо­ред из­во­ри на вес­ни­кот, ве­ќе по­ло­ви­на го­ди­на во не­ко­гаш­на­та срп­ска по­кра­и­на се под­го­тву­ва­ат бом­ба­ши-са­мо­у­биј­ци кои се ро­де­ни и жи­ве­ат та­му. По­тен­ци­јал­ни­те са­мо­у­биј­ци се спо­ме­ну­ва­ат и за Ал­ба­ни­ја, а за Ма­ке­до­ни­ја не­ма та­кви ин­фор­ма­ции. Ци­ти­рај­ќи раз­уз­на­вач­ки до­маш­ни и стран­ски из­во­ри, ме­ди­у­ми­те спо­ме­ну­ва­ат број­ка од 150 чле­на на две­те нај­го­ле­ми ис­ла­ми­стич­ки гру­пи во Си­ри­ја, Ал Ну­срат и Ис­лам­ска др­жа­ва Ирак и Ле­вент (ИСИЛ), кои учес­тву­ва­ле на си­ри­ски­от фронт, а се­га се вра­ти­ле во Ко­со­во и спро­ве­ду­ва­ат ма­сов­на ре­гру­та­ци­ја, ме­ѓу дру­го­то, и за са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди.

Дел од нив ве­ќе по­ба­ра­ле доз­во­ла за из­вр­шу­ва­ње ка­ми­ка­ѕе, за што е по­треб­на шест­ме­сеч­на под­го­то­вка. Спо­ред „Екс­прес“, де­сет од ко­ман­ди­ри­те на ИСИЛ ве­ќе се на кра­јот на под­го­тви­тел­на­та про­гра­ма ко­ја, по­крај пре­да­ва­ња за све­та­та вој­на, со­др­жи и пра­ктич­на ра­бо­та за изра­бо­тка на експ­ло­зи­ви, кои би се ко­ри­сте­ле во евен­ту­ал­ни на­па­ди. Во из­ве­шта­и­те се спо­ме­ну­ва и упо­тре­ба на нар­ко­тич­ни средс­тва за под­го­то­вка на са­мо­у­биј­ци­те. „Екс­прес“ твр­ди де­ка чле­но­ви­те на ИСИЛ, ко­ја има нај­мал­ку 10 ил­ја­ди до­бро­о­бу­че­ни бор­ци, нај­че­сто се ве­те­ра­ни од дру­ги вој­ни, ка­ко, на при­мер, ко­сов­ска­та. Дел од за­ги­на­ти­те во Си­ри­ја се учес­ни­ци и на вој­на­та во Ко­со­во во 1999 го­ди­на, но и во конф­ли­ктот во Ма­ке­до­ни­ја во 2001 го­ди­на.

Ед­на од пред­но­сти­те на ИСИЛ при спро­ве­ду­ва­ње на опе­ра­ци­и­те на дру­ги ме­ста, освен во Си­ри­ја и во Ирак, е тоа што таа во мо­мен­тов се сме­та за нај­бо­га­та те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја во све­тот. Во пос­лед­ни­те опе­ра­ции во Ирак ИСИЛ са­мо од ре­ги­о­нал­на­та кан­це­ла­ри­ја на На­ци­о­нал­на­та бан­ка на Ирак, во гра­дот Мо­сул, зап­ле­ни­ла око­лу по­ло­ви­на ми­ли­јар­да до­ла­ри, а до­пол­ни­тел­на су­ма е зап­ле­не­та од гра­до­ви­те во Ирак што де­но­ви­ве се нај­доа под неј­зи­на кон­тро­ла. Со тие па­ри ИСИЛ, ко­ја се­га лес­но мо­же да на­ба­ву­ва оруж­је и да ре­гру­ти­ра вој­ни­ци, мо­же да ор­га­ни­зи­ра са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди над­вор од пер­и­ме­та­рот на дејс­тву­ва­ње, во та­ка­на­ре­че­ни­от су­нит­ски три­а­гол­ник, ка­де што при­мар­на цел е да се соз­да­де ше­ри­јат­ска др­жа­ва.

 

Слу­ча­јот на Бле­рим Хе­тра

Спо­ред ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми, не­кои од Ко­сов­ци­те што се бо­ре­ле во Си­ри­ја стиг­на­ле до ви­со­ки чи­но­ви во ИСИЛ, а дел од нив се вра­ти­ле. Тие нај­че­сто по­тек­ну­ва­ат од ру­рал­ни об­ла­сти, и тоа, пред сѐ, од Ка­ча­ник, при што про­дол­жи­ле со про­па­ган­да­та во ко­рист на све­та­та вој­на, а ко­сов­ски­те вла­сти не­ма­ат стра­те­ги­ја што да пра­ват со нив. Ед­на од при­чи­ни­те зо­што рас­те стра­вот од са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди на Ко­со­во е при­ме­рот со Бле­рим Хе­тра од Уро­ше­вац/Фе­ри­зај, кој во мај го­ди­на­ва из­вр­ши са­мо­у­бис­твен на­пад во Баг­дад, при што за­ги­на­ле 50 ши­и­ти. По­доц­на ко­ман­да­та на ИСИЛ по­твр­ди­ла де­ка се ра­бо­ти за бо­рец од Уро­ше­вац, а не­го­ва­та фа­ми­ли­ја из­ја­ви­ла де­ка Хе­тра по­се­ту­вал вер­ски пре­да­ва­ња кај Ше­фкет Крас­ни­ќи на Ко­со­во и кај Омер Ба­јрам Бе­кир Ха­ли­ми во Ма­ке­до­ни­ја. И дру­ги ме­ди­у­ми на ал­бан­ски ја­зик, ка­ко пор­та­лот „Алб­тајм“, и прет­ход­но из­ве­сту­ва­ле за сом­не­жи де­ка Ко­сов­ска­та ис­лам­ска за­ед­ни­ца има­ла вр­ски со ор­га­ни­за­ции што ја фи­нан­си­ра­ле Ал Ка­е­да. Во нај­но­ви­те из­ве­штаи ме­ди­у­ми­те по­со­чу­ва­ат на ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу раз­лич­ни без­бед­нос­ни служ­би, кои пре­ду­пре­ду­ва­ат на мож­ност од на­па­ди вклу­чу­вај­ќи и са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди во чии це­ли би би­ле вклу­че­ни вла­ди­ни ин­сти­ту­ции, по­го­ле­ми по­ли­ци­ски ста­ни­ци, кан­це­ла­рии на ЕУ­ЛЕКС, ка­ко и аме­ри­кан­ска­та ба­за „Бонд­стил“.

По­врат­ни­ци­те од Си­ри­ја „го про­ме­ни­ја“ за­ко­нот

Во Ма­ке­до­ни­ја до­се­га не­ма под­не­се­но кри­вич­на при­ја­ва за ре­гру­та­ци­ја во не­ко­ја од те­ро­ри­стич­ки­те ор­га­ни­за­ции, но Вла­да­та, по су­ге­сти­ја на за­пад­ни­те парт­не­ри, во пос­лед­ни­те из­ме­ни во Кри­вич­ни­от за­ко­ник ин­тер­ве­ни­ра­ше во де­лот со кој се овоз­мо­жу­ва по­врат­ни­ци­те од конф­ликт­ни ре­ги­о­ни да би­дат со­од­вет­но пре­че­ка­ни.

– Соз­да­де­на е прав­на рам­ка во функ­ци­ја на ис­пра­ќа­ње по­ра­ка де­ка не­ма да доз­во­ли­ме та­кви­те ра­ди­кал­ни стру­кту­ри да нај­дат плод­на поч­ва за про­мо­ци­ја на нив­ни­те идеи во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и да одат на ште­та на де­мо­кра­ти­ја­та и на сло­бо­да­та на си­те гра­ѓа­ни. Ме­ѓу­тоа, без­бед­нос­ни­те служ­би, пред сѐ оние што ра­бо­тат на на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност, и си­те дру­ги ин­сти­ту­ции што се над­леж­ни за спро­ве­ду­ва­ње на за­ко­нот се во по­сто­ја­на ко­ор­ди­на­ци­ја. Ко­га ве­лам по­сто­ја­на ко­ор­ди­на­ци­ја, не мис­лам на на­ши­те на­ци­о­нал­ни служ­би, ту­ку на си­те служ­би што се це­лос­но по­све­те­ни на оваа проб­ле­ма­ти­ка од парт­нер­ски др­жа­ви, пра­ктич­но од це­ли­от свет – ре­че Јан­ку­ло­ска на кон­фе­рен­ци­ја­та во Скоп­је на ко­ја учес­тву­ваа го­лем број без­бед­нос­ни екс­пер­ти од ре­ги­о­нов и од ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции и ор­га­ни­за­ции.

Спо­ред Јан­ку­лов­ска, до­се­га, ре­чи­си без иск­лу­чок, се по­ка­жа­ло де­ка акти­те на те­ро­ри­зам ни­ко­гаш не би­ле изо­ли­ра­ни са­мо во ед­на др­жа­ва.

– Ми­ли­тан­ти­те нај­че­сто има­ат ко­нек­ции со по­ве­ќе др­жа­ви во све­тот. Ко­му­ни­ка­ци­ја на лу­ѓе со слич­на иде­о­ло­ги­ја и убе­ду­ва­ње, кои до­а­ѓа­ат од раз­ни кра­и­шта од све­тот, ме­ѓу­тоа има­ат ед­на за­ед­нич­ка цел. Ток­му за­ра­ди тоа е есен­ци­јал­но да има­ме, пред сѐ, ме­ѓу­себ­на до­вер­ба ко­га ра­бо­ти­ме на ва­кви пра­ша­ња, ка­ко и до­бра ко­ор­ди­на­ци­ја и ме­то­до­ло­ги­ја врз ос­но­ва на кои ќе по­стиг­не­ме нај­до­бри мож­ни ре­зул­та­ти во да­ден мо­мент за­тоа што, за жал, до овој мо­мент све­тот не на­шол од­го­вор за ова гло­бал­но зло – из­ја­ви Јан­ку­ло­ска.

 

Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top