| четврток, 6 декември 2018 |

Село Соколарци, Кочанско е отсечено заради поплавите

novo selo poplavaПоројниот дожд и надојдените води однесоа дел од патот кај селото Соколарци, Кочанско во должина од стотина метри и длабочина од околу пет метри. Однесен е асвалтниот коловоз и направени се големи влдлабнатини на патот кој е во прекин.

Како што соопштуваат од Макеоднија пат секција Кочани, од предпладнево сообраќајот е пренасочен кон село Чешиново, односно Спанчево и Облешево.

На лице место излегоа надлежните органи и се прават напори за санирање на коловозната лента и нејзино оспособување за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top