| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот на вода во Охрид доби сертификат за успешност од „Трипадвајзер“

Музејот на вода, кој е единствен од ваков вид на Балканот, претставува реконструкција на живеалиште од железното и бронзеното време. Комплексот содржи комплетно уредени 24 праисториски куќички, две обновени плажи, театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови бунгалови на парковно уредените простори и пристаниште

залив на коските

Музејот на вода во Градиште, „Залив на коските“, е добитник на највисокиот сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“ (Tripadvisor), еден од најголемите и најпосетувани туристички веб-портали, воедено и организација која ги обединува најпознатите светски туристички брендови, соопшти Министерството за култура.

залив на коските1
Оваа година Музејот на вода во Охрид, кој е под надлежност на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, ја доби потврдата за успешност што се издава врз основа на позитивните мислења од туристите.

Музејот на вода, кој е единствен од ваков вид на Балканот, претставува реконструкција на живеалиште од железното и бронзеното време. Комплексот содржи комплетно уредени 24 праисториски куќички, две обновени плажи, театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови бунгалови на парковно уредените простори и пристаниште.

залив на коските2
Во текот на изминатите шест години реконструираната наколна населба на Музејот на вода стана возбудлива културна и туристичка дестинација посетувана од илјадници домашни и странски туристи. Од отворањето во 2008 година, Музејот на вода во Охрид го посетиле повеќе од 200.000 посетители.
„Трипадвајзор“ е најголемата туристичка заедница во светот, а доказ за нејзината успешност се повеќе од 32 милиона активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели, ресторани и други атракции низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top