| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува изградбата на автопатот Приштина – Блаце

pristina

Од Кабинетот на косовскиот премиер Хашим Тачи соопштија дека денеска почнува изградбата на автопатот Приштина-граничен премин „Блаце“, на косовско-македонската граница.
Според соопштението свеченоста е закажана за 11 часот. Работите почнуваат кај селото Углар, Косово Поле од каде што се поврзува со автопатот „Ибрахим Ругова“. Патот 6, како што уште го нарекуваат, во должина од шеесеттина километри, ќе го гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Според потпишаниот договор ќе бидат инвестирани 820 милиони долари, а работите треба да завршат за 42 месеца сметано од почетокот на изградбата, односно на крајот од 2017 година.
– Овој автопат ќе биде втора сообраќајна артерија по важност на Косово, која ќе не поврзува со Македонија и ќе му помогне на Косово да стане раскрсница за сообраќај од грчките и алабнските пристаништа – изјави косовскиот министер за инфраструктура Фехми Мујота по потпишувањето на документот.
Според него подобрувањето на транспортните врски е многу значајно за развој на нови и за ширење на постоечките фирми, како и поттикнување на долгорочен економски пораст на Косово. Конзорциумот „Бехтел-Енка“ го сочинуваат компаниите „Бехтел интернешнл“ со седиште во Сан Франциско и компанијата „Енка“ со седиште во Истанбул. Истиот го градеше автопатот Драч-граничен премин Морина на албанско косовската граница, наречен „Патот на нацијата“ како и автопатот Морина-Врмица или „Ибрахим Ругова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top