Жител на кумановското село Цветишница се удавил во Длабочичка река во планинското село Длабочица, кое се наоѓа на македонско-српската граница. Реката била надојдена по обилните врнежи кои ја зафатија државава. Рано наутро било пронајдено неговото безживотно тело на два километри од несреќата.
Несреќата се случила кога Радован Станковски (51) сакал да ја мине надојдената река, но се лизнал и паднал во водата. Радован бил со својот пријател, кој сакал да му помогне, но надојдената вода го повлекла и го однела низ брзаците. Утрото било пронајдено неговото тело кое било заглавено во гранки.
Радован живеел сам во селото и синоќа отишол кај неговиот пријател во Длабочица, каде пиеле алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.