| четврток, 6 декември 2018 |

Со телесни вежби до поефективна работа

Телесните вежби го одржуваат вашето тело здраво, но имаат и позитивен ефект врз вашите бизнис вештини.

1. Ја поттикнува креативноста

Една студија објавена во списанието „Journal of Experimental Psychology“ вели дека кратка прошетка за време на паузата на работа, може и тоа како позитивно да влијание врз вашата креативност. Без разлика дали тоа е прошетка на отворен или во затворен простор, таа ќе го зголеми вашето креативно размислување за 60 проценти.

2. Ги смирува нервите

Само 20 минути јога ја намалува анксиозноста и помага да се остане смирен и да се концентрирате во тешки бизнис ситуации. Постојат различни техники на длабоко дишење и релаксација, кои можете да ги направите пред работа, а со тоа и да ги смирите нервите.

3. Биланс

Според друга студија од „Харвард“, луѓето кои вежбаат редовно имаат помалку проблеми со наоѓање на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Таквите луѓе подобро го распоредуваат времето и се посигурни, што е полесно да се најде дека рамнотежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top