| четврток, 6 декември 2018 |

Спрејот за живиот ѕид ќе се користи и во Шпанија

Шпанската фудбалска федерација го усвои предлогот спрејот со кој се контролира живиот ѕид на светското првенство да го воведат и во шпанските фудбалски првенства. Судиите кои ќе ги судат натпреварите во „Примера“ и „Секунда“ дивизија од следната сезона ќе ги носат спрејовите како дел од својата опрема.
Еден од новитетите на ова светско првенство се покажа како одлично решение.
Уште пред почетокот на мундијалот фудбалските функционери во Шпанија ја разгледуваа оваа можност, но сочекаа да ја видат реакцијата на фудбалерите на првенството околу овој новитет.
Впечатокот е дека судиите во Бразил имале поголема контрола над живиот ѕид и воведувањето на спрејот вистински потег.
Ваков вид на одбележување на живиот ѕид се користи во бразилското фудбалско првенство повеќе години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top