Дваесетина вработени од администрацијата на општина Карпош биле непријатно изненадени со отказните решенија кои ги добиле утринава од градоначалникот Стевче Јакимовски, пишува порталот „Центарњуз“.
Вработените за Центарњуз велат дека тие не добиле образложение зошто им престанува работниот однос.
– Веднаш отидовме кај градоначалникот да ни образложи зошто ни престанува работниот однос. Кусо ни рекоа дека општината е во долгови и оти не може да не исплати – велат отпуштените.
Во општина Карпош добиле отказ и вработени кои учествувале во кампањата за изборите и биле едни од најверните борци на Јакимовски, а меѓу избрканите бил и фотографот задолжен за Јакимовски кој работел и на минатите избори.
„Република“ проба да стапи во контакт со некој од општина Карпош, меѓутоа оттаму не беа достапни за коментар на ваквите пишувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вкупно 958 вработени по рамковен ќе се распределат во МВР, УЈП, Јавно обвинителство
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле
-
ДОМ: Зошто Уставниот суд не постапува по пријавите за скандалозните ДУП-и во Карпош?