Чекајќи ја невестата на вратата пред црквата, еден младоженец во Бразил умрел од инфаркт.
Марсело Теишеира (35) две години имал проблеми со срцето, а венчавката требало да биде во Таубатеу, 150 километри од Сан Паоло.
Невестата, Рената Роша (37) веќе била во венчаница, кога и се јавиле роднините и ја повикале веднаш да дојде во болница, бидејќи на младоженецот му се слошило.
Таа после рекла дека знаеле дека неговата состојба е лоша и дека лекарите, кога ја констатирале болеста пред две години, му предвиделе само една недела живот.
Рената и Марсело се познавале пет години, а заедно живееле три.
Рената и Марсело се познавале пет години, а заедно живееле три.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најубаво сам си свири на свадба: Битолски младоженец го грабна тапанот и ја распламти атмосферата! (видео)
-
Попот го праша дали е ветен на друга жена, одговорот ги насмеа сите (ВИДЕО)
-
Кога невестата ќе клекне пред зетот (+18)
-
Младоженецот лут ја влече невестата од кола, таа не сака да излезе…сватовите во шок (видео)