Дебарско – кичевската епархија соопшти дека вечерва – 2 јули во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во чест на празникот утре 3 јули од 9 часот во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи и света архиерејска литургија, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Манастирот „Свети Наум Охридски“ се наоѓа на најјужниот дел на Охридското Езеро, на карпа над езерскиот брег. Изграден од рацете на свети Наум кон крајот на IX век и посветен на Светите Архангели. Светилник што непрестано ги просветлува оние кои со вера доаѓаат во него, непрестан извор на чудотворство и окружен со прекрасна природна убавина, манастирот претставува вистинско парче од небото на земјата, во кој времето и просторот ги губат своите граници. После смртта на ктиторот, св. Наум, и поради големиот култ кон него манастирот го добил сегашното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…