Жените што родиле по триесет и треттата година имале двојно повеќе шанси да доживеат возраст од 95 години во споредба со оние што добиле дете до 29-годишна возраст – открија истражувачите од Бостон.
Но, каков ефект може да има ова врз планирањето семејство на младите двојки? Не премногу, тврди коавторот на студијата објавена во журналот „Менопауза“.
„Жените не би требало да ја одложуваат бременоста врз основа на оваа студија“, изјавил тој.
Тој се надева дека неговата студија ќе успее да ги одврати луѓето од преиспитување на жените што стануваат бремени во своите средни години.
„Критичарите тврдат дека тие жени ќе бидат премногу стари за да се грижат за своите тинејџери или внучиња“, тврди тој и додава:
„Но јас би додал дека тие жени стареат многу убаво“.
Од друга страна, оваа долговечност не се однесува на жените што користеле вонтелесно оплодување или друга технологија за да забременат.
Истражувачите тврдат дека жените што се во состојба да забременат во подоцнежни години имаат генетски варијации што го забавуваат нивното стареење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.