Поради обилните врнежи во регионот утрово на неколку места попушти браната Пишица кај Пробиштип, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
За да се намали опасноста од уривање на браната отворени се двата вентила со што е обезбедено контролирано брзо празнење на браната.
Поради сериозноста на ситуацијата, како што известуваат од дирекцијата, испорачани се 1500 вреќи за песок за интервенирање на критични места, а вработените се на лице место и ја следат ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.