| четврток, 6 декември 2018 |

Над 10.000 гледачи го посетија фестивалот „Гола месечина“

многу врева за ништо

Со премиерата на претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во изведба на актерите од Театар Комедија, а во режија на Дејан Пројковски вчера, заврши Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој почна на 21-ви јуни во општина Аеродром.

За време на фестивалот беа изведени вкупно осум претстави, кои ги видоа над 10.000 граѓани.

Тричлената комисија во состав Петар Темелковски, претседател, Александра Кардалевска и Оливер Јосифовски, членови, едногласно ги додели паричните награди и тоа Гран-при за најдобра претстава на „Без паника“ во режија на Благој Мицевски, а во изведба на актерите од Народниот театар Битола. Награда за најдобар режисер доби Синиша Ефтимов за претставата „Сомнително лице“, за најдобра женска улога – Елвира Аљукиќ за претставата „Хамлет во Долна Мрдуша“, а за најдобра машка улога доби Зоран Љутков за претставата „Солунски патрдии“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top