За денеска беа закажани прозивката на кошаркарските репрезентативци на Македонија и првиот тренинг во подготовките за квалификациите за Европското првенство 2015 година.
Здружението на кошаркари на Макеоднија (ЗКФ), со дел од репрезентативците, дојде на првата прозивка на новиот селектор Александар Џикиќ во СЦ „Борис Трајковски“, но кошаркарите не тренираа туку само даваа изјава за новинарите.
Претседателот на Здружението, Александар Костовски, истакна дека ставот на Здружението е да не се тренира сѐ додека не се надминат проблемите и не се решат нивните барања.
– Веднаш по донесувањето на одлуката секој тим од македонското првенство да има право да регистрира шест странци во своите редови и со сите да настапува во домашниот шампионат, се обидовме да најдеме решение со КФМ и со одговорните лица. За жал, не успеавме во тоа, па сега сме принудени на ваков чекор за да се слушнат нашите барања и ставови. Сакаме да потенцираме дека ние не сме за бојкот на репрезентацијата, особено сега кога репрезентацијата бележи успеси и кога нашето време доаѓа. Нашата реакција е за доброто на македонската кошарка во подолг период и заштита на македонските играчи во домашното првенство – изјави претседателот на Здружението, Александар Костовски.
– Ставот на здружението е да не се тренира сѐ додека не се остварат состаноци со надлежните и не се оствари напредок. Ќе продолжиме со состаноците со КФМ – додаде Костовски.
Претседателот на КФМ, Даниел Димевски, го повтори својот став дека има разбирање за барањето на кошаркарите, но тоа е проблем кој не може да се реши за неколку дена, туку дека кризата може да биде надмината во текот на летото, најдоцна до септември.
фото: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика





