Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања денеска ги верификуваше мандатите на новите пратеници кои дојдоа на местата на премиерот и министрите.
На местото на Гордана Јанкулоска доаѓа Марија Ангелова, на местото на Никола Попоски ќе седне Алим Билали. Наместо Зоран Ставревски пратеничката функција ќе ја извршува Благородна Бојаџиева. На местото на Никола Тодоров доаѓа Ѓорѓи Коџабашиев, додека на местото на Диме Спасов докторот Андон Чебишев.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и го отстапува местото на досегашната потпретседателка на Собранието, Светлана Јакимовска, а Муса Џафери на Муса Ибраими. Фунцијата пратеник ќе ја извршува и Драган Донев кој доаѓа на местото на премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот