| четврток, 6 декември 2018 |

РКЕ предлага струјата да поскапи за 3,47 проценти

struja 2
Цената на електричната енергија да се зголеми за 3,47 проценти, предлага Регулаторната комисија за енергетика, која во текот на денешниот ден ќе ја донесе конечната одлука за поскапувањето.
Новата цена на струјата ќе важи од утре до 1 јули идната година.
Во согласност со предлогот на РКЕ, новата цена на струјата за еднотарифните домаќинства ќе изнесува 4,48 денари по киловат часови, а за двотарифните 5,59 денари со 2,8 денари.

Со предлог-одлуката на РКЕ, како што попладнево информираше претседателот на Комисијата Димитар Петров, не се задоволни енергетските компании ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ кои побарале поголемо зголемување поради поголемите трошоци.
– Сметаме дека нашата предлог-одлука ги зема предвид сите ризици по однос на либерализацијата, како и сите оние ризици, според нив, во делот на влијанието на енергијата на обновливите извори, оперативните трошоци во текот на производството – истакна Петров.
Од вкупното зголемување, 1,52 проценти би биле за ЕЛЕМ, 0,66 за МЕПСО и 1,29 проценти за ЕВН Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top