| четврток, 6 декември 2018 |

Венчавката на ќерка му, го врати Жарко Лаушевиќ во Србија

зарко

Враќањето во Србија на Жарко Лаушевиќ (54) од САД повторно пред еден месец ги разбуди духовите на српското поднебје. Овој уметник кој е осуден за двојно убиство извршено во 1993 година во Подгорица, прво ја посетил Црна Гора каде во страв од крвна одмазда престојувал тајно, а потоа дошол и на белградскиот аеродром Никола Тесла, пишува српски Стори

– Добро сум – било сè што тогаш искоментирал Жарко не сакајаќи да влегува во подлабока приказна со новинарите. Сепак, причината за неговото доаѓање останала мистерија. Потоа е виден во Белград во населбата Душановац додека со непозната жена излегувал од автобус. Се спомнувало и дека дошол поради учество во новиот професионален проект, односно дека се вратил поради снимањето на филм, иако оваа теорија не е поткрепена со ниту едно прецизно тврдење.

Сепак, вистинската причина за доаѓањето на Жарко Лаушевиќ во Белград е семејната прослава планирана за август во Црна Гора. Станува збор, имено, за венчавката на неговата ќерка Асја која ќе се венча за својот свршеник Никола. Во медиумите веќе се спомнувало дека таа го изговорила судбинското „да“, но сигурно е дека официјалната венчавка следува во текот на летото. Информациите за овој настан се чуваат во најстрога тајност поради тоа што Жарко повторно планира да допатува во Црна Гора за да присуствува на свадбата. Тој, имено, од првиот брак со сопругата Маја, освен ќерката Асја го има и синот Душан. Од Маја се развел во 1994 година. Втората сопруга Анита, со која ја има ќерката Јана, ја запознал кон крајот на осумдесетите, уште за време на првиот брак и тоа на снимањето на филмот „Бој на Косову“. Веднаш се вљубил во неа, но решил да го сочува бракот, а и Анита потоа се омажила и родила ќерка. Тој, по излегувањето од затворот се развел со првата сопруга Маја. Од 1999 година живее во Њујорк, каде што во меѓувреме се оженил со сценската шминкерка Анита.

Трагедијата на големиот актер му се случила на 31 јули 1993 година, кога него и неговиот постар брат Бранимир ги нападнале група насилници во кварт во близина на реката Морача. Жарко бранејќи го својот брат и себе си , двете момчиња кои го нападнале  ги убил со пиштол, а еден тешко ранил. Тој беше осуден на 15 години затвор, а откако тогашниот Сојузен суд ја укинал пресудата, Лаушевиќ повтроно бил изведен пред суд во февруари 1990 година кога беше осуден на четири години затвор, поради двојното убиство во пречекорување на нужна одбрана.

Со оглед на тоа што Лаушевиќ пред изрекувањето на пресудата одлежа веќе 4,5 години, беше пуштен на слобода. Потоа замина за САД, и извесно време живееше во Њујорк каде што работел тешки физички работи. Цели 15 години подоцна тој повторно ја посети својата татковина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top