| четврток, 6 декември 2018 |

Договорена обука на македонски доктори во болницата „Jапан реилвеј ист“

Gruevski vo poseta na JR Tokyo General Hospital-2Премиерот Никола Груевски во Токио, Јапонија, се сретна со Тоцео Тамута, претседател на Бордот на директори на компанијата „Jапан реилвеј ист“(ЈРИ).  Тоа е компанија која се занимава со бизнис во повеќе сфери, меѓу кои и железничкиот сообраќај и медицината, и која на годишно ниво остварува приход од 28 милијарди долари, а добивка од околу 2 милијарди долари.

Gruevski vo poseta na JR Tokyo General Hospital-4Груевски ја посети и болницата која е во сопственост на ЈРИ, и која е особено успешна и позната во Јапонија во делот на ортопедската медицина, рехабилитацијата од повреди и третманот на канцери, и која во својата работа промовира многу медицински иновации и во поглед на медицинските апарати и опрема и во поглед на медицинските методи за лекување. Соговорниците разговараа за можностите за соработка во областа на здравството и во областа на железничкиот сообраќај. Во областа на соработката во здравството беше договорено македонски доктори и медицински персонал да престојуваат и да бидат обучувани во рамките на ЈРИ болницата, а лекари од ЈРИ болницата да престојуваат во Македонија и да пренесуваат знаења на своите македонски колеги за примена на напредни медицински методи. За оваа цел, во брз иден период ќе бидат прецизирани сите детали околу видот на медицински области во кои ќе има соработка.

Gruevski vo poseta na JR Tokyo General Hospital-3На полето на соработката на железничкиот сообраќај беше истакната можноста за јапонска помош во развој на железничкиот сообраќај во Македонија, со акцентирање на можноста за едукација на лица од нашите железнички претпријатија или институции, или пак ученици и студенти од областа на железничкиот сообраќај, во школата за железнички сообраќај на ЈРИ која е најреномирана ваква школа во Јапонија.

Оваа болница е напредна во многу области, но особено се истакнува во делот на ортопедската медицина и во делот на рехабилитација од повреди, а исто така и во делот на третман на канцер. Во краток период треба да ги договориме деталите во смисла на тоа кога ќе почнат да доаѓаат наши доктори и медицински персонал и точно во кои оддели ќе бидат прифатени и ќе бидат обучувани и за најнови достигнувања во областа на медицината. На средбата со претседателот на оваа компанија имавме разговор за многу можности за соработка, и соработката не само што ќе биде во делот на медицината туку ќе биде и во делот на обуки во делот на железнички транспорт, бидејќи се работи за една поголема компанија која што покрај болницата поседува и дел од железницата, изјави премиерот Груевски по средбата.

Gruevski vo poseta na JR Tokyo General Hospital-3Претседателот на компанијата Тамута изрази задоволство од можноста за остварување на соработка со нашата земја.

-Веруваме дека ова е почеток на една зголемена и продлабочена соработка помеѓу Јапонија и Македонија. Се надеваме дека нашиот придонес може да и помогне на вашата земја во развој на економијата. Што се однесува до полето на медицината ова е шанса и можност што повеќе доктори и медицински персонал од вашата земја да не посетат и да бидат тренирани овде. Исто така, на полето на железницата, ако има нешто со кое што ние можеме да помогнеме во насока на развој и поддршка на вашата железница ние би сакале да помогнеме со задоволство, изјави Тамута.

Gruevski vo poseta na JR Tokyo General Hospital-5Официјалната посета на Јапонија на македонската владина делегација ќе продолжи со организирање на бизнис форум во Токио и средба на премиерот Груевски со јапонскиот премиер Абе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top