| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата пештера во светот е отворена за туристи (ФОТО)

Сон Донг е најголемата пештера во светот и се наоѓа во Виетнам.

pestera1pestera2

Таа е подолга од 8 километри, во неа има џунгла и река и пред пет години беше непозната за светот. Откриена во 1991 година од локален жител, за прв пат пештерата е истражувана во 2009 година.

Малкумина имаат влезено во неа, а меѓу нив и фотографот Џон Спајс кој има направено импресивни фотографии од подземниот рај.

pestera3

Веќе се започнати турите за посетители, а компанијата Оксалис (Oxalis) објави дека нема повеќе слободно место на турите предвидени за 2014 година, а распоредот за 2015 ќе биде објавен кон крајот на годината, пишува Хафингтон Пост.

pestera4

Посетителите ќе имаат можност да се спуштат 80 метри со јаже за да ги истражуваат скриените убавини на ова уникатно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top