Во Сеул денеска е соопштено дека Националната комисија за одбрана на Северна Кореја испратила официјално барање за прогласување на прекин на непријателствата со Јужна Кореја. Изненадувачкиот предлог на Пјонгјанг доаѓа на три дена пред почетокот на посетата на кинескиот претседател Кси Џипенг на двете Кореји. Пјонгјанг предлага објавата за прекин на непријателствата да се случи во текот на оваа недела.
Предлогот од страна на Северна Кореја доаѓа по големите персонални промени во армискиот врв на таа држава и серијата проби со ракети од среден домет од страна на Пјонгјанг.
Кинескиот претседател Џипенг по дводневен престој во Сеул ќе биде во посета на Северна Кореја. Кина се смета за сојузник на Северна Кореја, а политичките аналитичари во регионот сметаат дека предлогот за прогласување на прекин на непријателствата е резултат на посредувањето на кинеската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


