Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека од исламистите искалени во борбите во Сирија и во Ирак доаѓа сѐ поголема закана бидејќи со европски пасоши можат да влезат во САД.
Обама наведува дека тие екстремисти претставуваат опасност бидејќи нема да им биде потребен американски пасош за да дојдат во САД, пренесуваат американските медиуми.
Американскиот претседател за ТВ-мрежата „Еј-Би-Си“ кажа дека САД мора да го подобрат системот за надзор, извидување и собирање разузнавачки податоци за да го неутрализираат овој ризик, како и дека во сето тоа своја улога ќе имаат и специјалните сили на САД.
Обама, исто така, додаде дека може да бидат употребени и воени удари врз организации кои можат да им наштетат на САД.
Американската нација во текот на целиот претседателски мандат на Обама е соочена со сериозни закани од Европејците, како и од некои други кои го прифатиле џихадот, наведуваат американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД


