Британските медиуми шушкаат дека младиот пејач пронашол нова девојка. Според пишувањата на Дејли Меил, Селена Гомез е минато за Џастин Бибер кој се гледал со пејачката Ела Пеиџ Робертс Кларк. Наводно Џастин Бибер ја воодушевил новата девојка која има 17 години со својот Ролс Ројс, кој го испратил по неа.
Автомобилот кружел околу нејзиниот дом, а таа продолжила да се забавува со Бибер во луксузниот хотел Ленесбороу, каде пејачот отседнал. Ела на својот Твитер профил се пофалила дека заедно со Бибер била на концерт на Џастин Тимберлејк кој настапувал во Лондон. Дали се само пријатели или нешто повеќе, портпаролот на Џастин Бибер не сакал да потврди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.