| четврток, 6 декември 2018 |

Софија: Петмина уапсени за банкарски шпекулации

бугарија банкаБугарската полиција уапси три лица кои ковале завера за дестабилизација на бугарскиот банкарски систем со ширење на лажни информации за состојбите на комерцијалните банки во земјата. За истото вчера се уапсени други две лица. Кривичната пријава е покрената откако голем број клиентите во петокот се обиделе да ги повлечат своите заштеди од  втора по големина банка во Бугарија „Првата инвестициска банка“.

Бугарската Централна банка минатата недела ја презеде четвртата по големина банка „Корпбанка“, откако клиентите поттикнати од написите на интернет и во медиумите за сомнителното работење на банката, почнаа да ги повлекуваат своите заштеди.

Буграскиот премиер Пламен Орешарски, претседателот Росен Плевнелиев и претставници на Централната банка апелираа до бугарските граѓани да не паничат и да имаат доверба во интегритетот на бугарскиот банкарски систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top