| четврток, 6 декември 2018 |

Роденден на Кисела Вода, вредносни ваучери за новороденчиња

kisela vodaСо доделување 25 ваучери во вредност од 6.000 денари на семејства кои имаат новороденчиња, денеска почна празнувањето на 59-тиот роденден на скопската општина, Кисела Вода. Ваучерите ги додели градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

– Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, кога општина Кисела Вода го слави својот 59.роденден, имаме доделено 536 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Свесни дека секоја општина е успешна онолку колку што се успешни нејзините жители, можеме да ви ветиме вам, како нивни родители, дека нашите напори да обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, ќе продолжат со засилена динамика. Од нив зависи растежот на општината. Од нив зависи и растежот на нашата земја, изјави Беличанец-Алексиќ.

Одбележувањето на роденденот на општината продолжи со доделување награди за 44. најуспешни ученици од основните училишта на територија на општина Кисела Вода кои во оваа учебна година имале најдобри резултати на државните и регионалните натпревари.

Наградата која им ја доделува општина Кисела Вода е во вредност од 10.000 денари и е само дел од стратегијата за развој на научната мисла на овие простори.

Во присуство на многу гости, пријатели на општина Кисела Вода, беа доделени благодарници за луѓето и компаниите кои годинава беа заслужни за афирмирањето на  оваа локална самуправа.

Прославата на роденденот продолжи во паркот „Шопен“ каде Градскиот дувачки оркестар одржа концерт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top