| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот играч на покер најден мртов во Словенија

Телото на еден од најдобрите играчи на покер во Европа, Германецот Јоханес Штрасман беше пронајдено во реката Љубљаница, Словенија.

На телото на Штрасман има траги од насилство, јавија денеска словенечките медиуми.

Телото на 29-годишниот Штрасман беше извадено од река во петокот, а по саботната аутопсија утврден е идентитетот на Германецот. Тој последен пат бил виден на 21 јуни.

Штрасман во Љубљана имал средба со други играчи на покер, кои ги обучувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top