| четврток, 6 декември 2018 |

Нема кривично дело со „Македонска банка“ – потврдуваат експертите

makedonska banka

Никола Груевски ниту можел, ниту извршил кривично дело во случајот со „Македонска банка“. Ова го истакнуваат од Основното јавно обвинителство, по анализата и истрага што била спроведена.

Дека нема кривично дело во овој случај за кој СДСМ гласно обвинуваше, потврдуваат и експертите.

Тие пред се потсетуваат дека станува збор за застарено дело и дека јавниот обвинител нема никаков правен основ да презема дејствија насочени кон истражување на било кој кривично правен настан од овој тип.

Од друга страна, пак, велат, темелната истрага на Јавното обвинителство требала да се случи, како доказ до опозицијата за неселективниот пристап.

СДСМ го теретеше Груевски за „противзаконито посредување“. Експертите за ова посочуваат дека е неосновано обвинување кое беше докажано со документи, закони и експертиза.

Нема елементи ниту простор за сомнеж дека кривичните дела за кои СДСМ бараше истрага, се направени, сметаат експертите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука за неповедување на кривичната постапка, а тоа го образложи со истрагата која докажа дека Груевски нема никаква поврзаност со она за што СДСМ го обвинуваше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top