| четврток, 6 декември 2018 |

Ирак: Село во кое никој не пуши тутун

140628073.1_xl

Во селото Леваван, кај градот Сулејманијах, во курдската самоуправа, на северот на Ирак, мештание не пушат цигари веќе 23 години.

Во ова село живеат 275 жители и никој од нив не пуши тутун. Ова е познато уште и како „село на непушачи“, а министерството за здравство го истакнува како добар пример за останатите.

Еден од најстарите жители на ова село е 60 годишниот Ибрахим Керим, кој се присетува како сите престанале да пушат.

– По војната меѓу Ирак и Иран, од 1980 до 1988 година, пребегнавме во Иран. Се вративме во нашето село во 1991 година. Додека бегавме, одевме пеш, а некогаш моравме и да трчаме. На пушачите тоа им беше тешко. Поголемиот број пушачи починаа млади и тоа на нас имаше големо влијание. Кога се вративме во селото, едноставно, сите престанавме да пушиме. Младите жители не ни почнаа да пушат – објаснува Керим.

Тој појасни дека сите жители сметаат оти конзумирање цигари и други тутунски производи е многу лоша навика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top