| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени двајца џихадисти во Албанија

По акцијата на косовската полиција во која беа уапсени неколку лица од Качаник под обвинение за членство во терористичката организација Ал Нусра, албанската полиција минататa ноќ во Тирана уапси уште двајца членови на оваа џихадистичка група.

Во полициската акција се упасени еден Албанец и еден Косовец, кои претходно се бореле во Сирија. Двајцата упасени биле ангажирани во регрутација на млади за бошитата во Сирија и Ирак, што се потврдува и од прислушуваните разговори од страна на полицијата.

Оосмничените се уапсени во близина на куќата на еден џихадист, кој минатата година загина во Сирија.

Според албанското обвнителство за тешки кривични дела, Косовецот бил уапсен по потерница на косовските власти.

По разбивањето на ќелијата на џихадистите во Албанија пред неколку месеци, кога беа успени девет лица, меѓу нив и самопрогласените имами на џамијата „Нов прстен“ во Тирана и селската џамија во Мезез, Генци Бала и Бујар Хиса, кои се главните организатори на регрутирањето и испраќањето албански граѓани на боиштата во Сирија, албанското Обвинителство побара истрагата да се прошири и во Косово и во Македонија.

Барањето се заснова на докази, според кои, самопрогласениот имам Генц Бала, познат како Шеик Абдурахман Бала, одржувал проповеди и во Македонија и во Косово, каде пронаоѓал доброволци и ги упатувал во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top