Напладне (12.30) во седиштето на ЕХФ во Виена започнува жрепката за осминафиналето во ракометната Лига на шампионите. Ние во барабаните, најконкретно во вториот квалитативен, го имаме првакот Металург кој беше одличен во десетте кола и заврши како втор во конкуренцијата Ц во главниот групен сегмент. Токму поради 14 бодови и пласманот веднаш зад Киелце екипата од Автокоманда е во привилегирана улога и ќе добие противник кој завршил како трет во составите А, Б и Д. Тоа се веќе споменуваните Чеховски Медведи, Атлетико Мадрид и Динамо Минск.
Русите освоија исти 14 поени со само еден пораз во првиот состав, во тимот имаат 8 руски репрезенативци, а два пати со 40-25 и 32-28 го победија Металург во сезоната 2006/7.година.
Атлетико Мадрид е еден од најскапите во целата лига, со врвниот стрелец, нашиот Кире Лазаров, со четворица освојувачи на светската титула во дресот на Шпанија на почетокот од годината и со уште неколку ракометни ѕвезди како Балиќ, Абало, Маркусен, Калман, Бараше, Јуркевич и така натаму. Атлетико и Металург досега не играле, ни официјална, ни пријателска средба.
Затоа составот на Лино Червар добро го познава Динамо Минск со кого се сретна летоска на турнирот во Струга кога Металург во жесток меч славеше со 26-23, но тоа беше само мала утеха за поразот во квалификацискиот дуел токму за Лигата на шампионите во есента 2010 во Порто, кога Динамо Минск не елиминираше со 27-21. И Белорусите беа на мундијалот во јануари,а безмалку целиот тим е репрезенативен.
Од Металург во денот за жрепка и две вести. Првата лошата е дијагнозата за скинати лигаменти кај Дејан Манасков за кого сезоната е завршена, и втората позитивната и статистичка се однесува на двајца стрелци од Автокоманда во првите десет. Наумче Мојсовски со 55 гола е петти, а Ренато Вугринец со 52 е десетти меѓу ТОП стрелците во Лигата на шампионите.
–Не се осудувам да посакам еден или друг. Јасно е дека сите се силни и дека ќе треба добро да се подготвиме и да одиграме најдобро што знаеме-рече тренерот Лино Червар по извонредното издание со Силекборг и пред заминувањето за Цетиње каде утре има натпревар против Ловќен од СЕХА лигата.
Еве ги сите екипи и нивниот распоред во барабаните:
1: Хамбург, Веспрем, Kјељце, Барселона
2: Флензбург, Kил, Металург, Фуксе Берлин
3: Чеховски Медведи, Атлетико Мадрид, Горење Велење, Динамо Минск
4: Адемар Леон, Целје, Бјерингбро-Силкеборг, Пик Сегед
Термините за осминафиналето со 13-17 март кога Металург ќе гостува и 20-24 март кога во арената Борис Трајковски ќе го дочека противникот што денеска ќе го добие во жрепката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст