Повозрасен маж од Битола е тешко повреден, но надвор од животна опасност, по сообраќајната незгода која утрово се случила на крстосницата кај Домот за дочениња на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола.
Во судирот учествувале камион и велосипед со кој управувал повредениот маж кој веднаш е пренесен во битолската клиника.
Иако се здобил со тешки телесни повреди, не се стравува за неговиот живот, велат од битолската полиција за локалната „Тера телевизија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.