| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос стави на располагање на опозицијата 5.200.000 евра

Со милионски суми кои се зголемуваат секоја година, фондацијата на Сорос, односно Институтот Отворено општество, финансира медиуми, невладини организации и правење извештаи.

Vladimir-Milcin-565x268

Според завршната сметка на УЈП, фондацијата на Сорос остварил приход од 5.200.000 евра. Во денарска противвредност, неверојатни 319.784.116 денари лани легнале на сметките на Владимир Милчин. Токму тој е потпишан и на завршната сметка.

vladimir-milcinn

Според документацијата, од целата оваа сума, вкупни трошоци за донации има пријавено 2.245.173 евра или 138.078.157 денари.

Јавноста одлично ја познава поврзаноста меѓу СДСМ и Сорос, па станува јасно дека овие пари се ставаат на располагање на опозицијата.

pprihoddd

Ревизијата на ваквото финансиско работење на фондацијата на Сорос ја има направено Маргарита Цаца Николовска, која е блиска до СДСМ и член на УО на Институтот Отворено општество.

Информации за огромни суми пари во Сорос беа видливи уште во 2012 година. Пред две години, буџетот на Сорос изнесуваше 4.811.458 евра, од кои за донации беа издвоени 1.800.000 евра.

danocen-bilansss

Како оваа вртоглава сума да не беше доволна, Сорос наполни повеќе пари во својата каса.

Фондацијата на Милчин во последнава година потрошила 5.200.000 евра за корумпирање медиуми, невладини организации и правење извештаи во корист на СДСМ.

Неодамна беше објавена и информација дека Сорос во минатите 7 години има потрошено34 милиони евра за да ја напаѓа Владата во јавни настапи.

Меѓу невладините организации кои се финансираат директно од Сорос се Центарот за развој на медиуми, ГЕМ, Плоштад Слобода, Центарот за европско образование Младинскиот образовен форум и уште многу други. Сите во јавноста се познати по ставови кои директно ги напаѓаат владините проекти. Но, пајажината на Сорос не застанува тука. Мрежата поседува и десетина медиуми, главно во макеоднскиот интернет простор, а финансира и новинари како поединци, задолжени да ја напаѓаат Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top