До скоро принцеза, а сега кралица, Летиција со новата функција го отфрли, како што коментираат светските медиуми, изгледот „Кејт Мидлтон“. На последниот настан, Летиција се појавила со нова фризура.
Кралицата Летиција веќе се докажа како моден познавач, а сега ги изненади сите со промена на фризурата, со што покажа дека умее да работи на себе и на својот изглед.
Она што, сепак, остана неразјаснето до крај е дали Летиција само вешто ја собрала косата како имитација на боб-дризура или навистина ја пострижала својата некогаш долга коса.
Летиција (41) и нејзиниот сопруг Фелипе (46) на 19 јуни се прогласени за нова кралска двојка во Шпанија .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






