По тешко боледување, на 59 годишна возраст, почина актерката Перихан ТУНА ЕЈУПИ, доаенот на НУ Турски Театар. Taa е член на ансаблот на Турската драма при Театарот на народностите од 1972 година, каде што има одиграно голем број на улоги. Актерката Перихан ТУНА ЕЈУПИ ќе биде запамтена по многу успешно одиграни улоги. Добитник на наградата за Најдобро актерско остварување на Фестивалот на Камерен Театар „Ристо Шишков“ 1997 година. Во 2005 година беше прогласена за атер на годината.
Нејзини запаметени актерски остварувања се улогите: Коштана во КОШТАНА, Зона Занфирова во ЗОНА ЗАНФИРОВА, Инџи и Мехтап во ЖЕНИЧКИ, Рабија во ДНЕВНИК НА СТРАВОТ, Агафија Тихоновна во ЖЕНИДБА, Клодија во ТЕТОВИРАНИ ДУШИ, Сидур Сабитур во ГИЛГАМЕШ, Гертруда во КРАЛ ХАМЛЕТ; Настасија во ИДИОТ; Дона Елвира во ДОН ЖУАН.
На големото платно ја глуми Џемиле Мамо во „ХАЈДЕ БРЕ“ (турска филмска продукција), Во турската серија „ЗБОГУМ РУМЕЛИЈА“ ја толкува Муневер, Во ТВ серијата „НАШЕ МАЛО“ ја толкуваше Лејла, а долги години настапуваше на манифестацијата АКЕРИТЕ ПЕАТ.
Утре во 10.30 часот во ТЕАТАР КОМЕДИЈА (стар објект на МНТ) ќе се одржи комеморативна седница, а погребот на посмртните останки ќе биде на гробиштата Бутел по пладневната молитва (Чума) околу 13.30.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.