| четврток, 6 декември 2018 |

Како влијае подзнакот врз вас?

По 25. година, влијанието на подзнакот е се посилно.

Овен

Ако сте родени со подзнак Овен вие сте активна личност со многу енергија. Своеглави сте, а многумина ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ги остварите целите во животот. Амбициозни сте, па затоа имате постојан конфликт со колегите и партнерите кои се обидуваат да ве убедат на компромис. Потребен ви е партнер кој прв попушта. Што се однесува до здравјето, често пати имате проблем со крвниот притисок и силната мигрена.

Бик

Сакате да уживате и затоа ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и готвењето. Сакате да имате стабилен партнер и здрава врска – таа е основата на вашето добро расположение. Голем број од пријателите прво кај вас се упатуваат за совет, затоа што знаат дека искреноста е вашата најдобра страна. Очајно барате партнер кој е страствен. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со килограмите и тироидната жлезда.

Близнаци

Зборлести сте и искрени, и покрај тоа што многумина ве доживуваат како личност склона кон лажење и измислување. Можеби затоа што не го кажувате она што другите сакаат да го слушнат. Сакате да се дружите со пријателите, да телефонирате и слободното време да го минувате на социјалните мрежи. Потребен ви е партнер кој ви овозможува целосна слобода. Можни се проблеми со здравјето на нервна база, инфекции, алергии и проблеми со дишните патишта.

Рак

Чувствителни сте на туѓата несреќа и постојано помагате. Семејството ви е на прво место, сакате да бидете опкружени со најблиските. Важно ви е домот да ви е чист, среден и удобен затоа што тоа е вашето омилено катче. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и да му верувате. Можни се проблеми со репродуктивните органи и компликации предизвикани од нервоза.

Лав

Горделиви сте и некогаш недопирливи, или барем таков впечаток оставате. Амбициозни сте и работното место ви е најважно, како и парите. Статусот, децата и парите – тоа се работите кои ги вреднувате во животот. Потребен ви е партнер кој е истовремено и ваш пријател, кој ќе ви ја разбере потребата за слобода и нема да се натпреварува со вашите пријатели и работното место. Можни се проблеми со притисокот, срцето и видот.

Девица

Вечен перфекционист. Важно ви е сè да биде на свое место, куќата мора да блеска. Примарно ви е здравјето, но и покрај тоа сте склони кон нервоза. Единствен лек е да прифатите дека ништо не може да биде совршено, па ни вие. Потребен ви е партнер кој ќе ве натера да се опуштите и кој ќе ве научи што значи да уживате. Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната.

Вага

Важен ви е балансот. Секогаш сте тука за другите, не знаете како да бидете сами со себе. Имате голем круг на пријатели и роднини кои ви се секогаш на располагање. Партнерството на работно или љубовно поле е секогаш најдобра идеја, барем за вас. Важно е да пронајдете стабилен партнер кој ќе знае да ви даде позитивна енергија и индивидуалност. Можни се проблеми со кожата – иритации и алергии, затоа заштитете се на време.

Скорпија

Постојано сте во акција, постојано нешто правите и не знаете да застанете во место. Сè зимате при срце, па често сте под стрес. Понекогаш знаете да бидете од типот на тешки пријатели кои само критикуваат. Ако ви е здодевно занимавајте се со некој спорт наместо да барате проблеми таму каде што ги нема. Парите и сексот ви се на првото место, па затоа вашиот партнер мора да ги има и двете. Можни се проблеми со репродуктивните органи, па затоа не ги заборавајте редовните прегледи.

Стрелец

Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете сите околу вас. Толерантни сте, понекогаш дури и премногу. Важно ви е да се движите и патувате, односно да се усовршувате секојдневно. Многу важно е да се занимавате со некаков спорт затоа што постојано имате вишок енергија. Друштвени сте, па затоа ви е потребен и партнер кој е зборлив, весел и позитивен. Важно е во врската да не ја загубите својата слобода. Можни се проблеми со црниот дроб.

Јарец

Тврдоглави сте, упорни и амбициозни. Постојано сакате да напредувате во кариерата, имате високо ниво на самопочит и се сметате за одличен учител. Не се брзате, верувате дека сè доаѓа во свое време. Стабилни сте и смирени, но партнерот кој ќе го одберете ќе има задача да ве научи како да бидете малку потопли кон другите, да не бидете полни со недоверба. Можни се проблеми со грбот и забите.

Водолија

Сакате да се дружите и мислењето на другите луѓе ви е секогаш важно. Во постојано движење сте и со вас никогаш не може да биде здодевно. Сакате да ја ширите мрежата на контакти и да запознавате нови луѓе. Но, мора да направите место за партнерот и да не го ставате во втор план. Потребен ви е партнер кој ќе го разбере вашето динамично темпо. Заради брзината со која живеете можни се проблеми со вените и нервозата.

Риби

Никој не знае што точно мислите, живеете во некој сопствен свет. Не сакате да се вклопите во друштвото, ниту во стандардниот ритам на живот. Сакате да останувате будни и да заспивате со музика и филмови. Потребен ви е партнер кој е рационален и стабилен, кој дели добри совети и ве води низ животот. Можни се проблеми со варењето, спиењето и нискиот притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top