| четврток, 6 декември 2018 |

Како реагираме кога другите страдаат

Како реагираме кога некое лице или група на луѓе страдаат? Реакцијата зависи од тоа какво мислење имаме за нив, ако мислиме дека се добри луѓе сочувствуваме со нивната болка, ако не ни значат ништо сме рамнодушни, а ако пак
чувствуваме омраза кон нив, нивното страдање ни претставува задоволство.

Самото сочувствување претставува пријателски чин поради тоа таквиот однос се смета за човечен и хуман. Многу се ректи луѓето кои сами за себе не мислат дека се добри, затоа не треба да не изненадува фактот што луѓето прават споредба, па во овој случај колку повеќе сличности пронаоѓаат во себе и некоја личност, толку мислењето за другиот и сочувствувањето е на поголем степен.

Колку повеќе во другиот се пронаоѓаме себе си или нашите сакани толку повеќе се соживуваме со болката на другиот и добиваме уште поголема желба за да помогнеме.

Кога е нападната од надвор, секоја заедница како организирана група ги затвора своите редови, се зголемува внатрешната кохезија да се брани од агресијата. Да се заштити заедницата, и не само да престанат внатрешните непријателства тука и да се зголеми растот и солидарноста на членовите на заедницата. И со чувството на припадност се раѓа желбата
да се помогне.

За нечија индетификација и емпатија навистина да биде преточена во акција, потребно е да се исполнат уште два услови. Првиот е лицето да не се доживува себе си како жртва за да може да влезе во улога на спасител.

Вториот е личноста да знае да ја процени личната состојба, односно да знае колку е подготвен да се спротистави на негативните сили и да пружи помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top