| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја десетта диплома во Србија е фалсификат

diplome-srbijaОколу 10 проценти од дипломите за завршено високо образование во Србија се фалсификат или се издадени од непризнати високообразовни институции, соопшти српската невладина организација Совет за мониторинг, човекови права и борба против корупцијата.

Според Советот, ваквата состојба била утврдена при проверка на 2.000 дипломи издадени во Србија, спроведена од страна на српското Министерство за образование на барање на црногорска фирма.

Советот наведува дека постојат сомнежи оти голем број државни службеници во Србија, всушност, имаат фалсификувани факултетски дипломи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top