| четврток, 6 декември 2018 |

Апсат во куси здолништа! Дали би сакале да ве уапсат овие сексапилни полицајки?

русија

Во главниот град на Русија е создаден проблем бидејќи згодните полицајки почнале да носат прекратки здолништа. Така модификуваната униформа, со задолжителиот пендрек во рацете, остава впечаток како да излегле од некој филм.

Министерството за внатрешни работи на Русија поведе акција за борба против трендот на скратување на здолништата на полицајките, кои добиваат сè поголемо внимание во медиумите поради нив.

Министерството вовело забрана за сите видови кратења на работните униформи на вработените бидејќи жените ги кратат здолништата, а мажите ги скратуваат ракавите на кошулите. Заменик-министерот за внатрешни работи, Сергек Герасимов, изјавил дека модификуваните униформи го поткопуваат авторитетот на Министерството и ја дискредитираат полицијата во целина.

Од друга страна, претседателот на координацискиот совет на синдикатите на полицајците го оправдал овој потег на колешките со тоа дека тие саакат да се омажат и размислуваат за демографската ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top